Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа
1Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски
2Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа
Други спортовиПет медали за македонските кик боксери на „Хрватска опен 2015“ Кик боксинг федерацијата на Македонија со успешниот настап на Eвропскиот куп „Хрватска опен 2015“ ги заврши своите активности за оваа година.Освоени се пет медали (два сребрени и три бронзени) и тоа од најмладите кик боксери членови на кик бокс клубот „Гладијатор“ од Штип. Сребрени медали освоија: - Викторија Варадинова -60кг кик лајт; - Стефан Сандев -63кг кик лајт; - Ѓоше Ѓошев -47кг кик лајт. Бронзени медали освоија: - Викторија Варадинова -60кг лајт контакт; - Столе Јордановски +94кг кик лајт. На купот во Загреб учество земаа 550 спортисти од осум држави и 77 клубови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЅвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо ЈаневскиДенеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот. Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст. Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја нАјголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“.присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправаПремиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа ги соопшти новите министри во рамки на владината реконструкција. По седницата на Извршниот комитет, тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со министерството за социјална политика, кое ќе го предводи досегашниот заменик министер Ѓоко Велковски.. За министер за здравство, кое исто така го презема неговата партија, е именуван Сашко Клековски, досегашен директор на ФЗОМ. Од ВРЕДИ нови министри ќе бидат поставени во министерствата за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе номинира нов кандидат во земјоделие. Освен кадровските решенија, Мицкоски објави и дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСП2026: Познати три осминафинални довојки, кој ќе им се придружи?23 Светското фудбалско првенство влегува во својата најинтересна фаза, веќе третиот ден се играат мечеви од премиерната нокаут фазата, утринава ги добивме новите три селекции патници во осминафиналето.Норвешка, Франција и Мексико им се придружија во осминафиналето на веќе пласираните Канада, Бразил, Парагвај и Мароко, Во нокаут шеснаесетинафиналето Норвешка го победи тимот на Брегот на Слоновата Коска со 2:1 и во осминафиналето ја очекува големиот фаворит, Бразил. Француската репрезентација лесно ја победи Шведска со 3:0, и најави меч против Парагвај во борбата за четвртфиналето. Третиот пар од осминафиналето го сочинуваат Канада и Мароко, додека Мексико го чека подобриот од натпреварот помеѓу Англија и ДР Конго. Останатите натпревари од 1/16 финалето се: САД - БиХ, Белгија - Сенегал, Аргентина - Зелено'ртски Острови, Австралија - Египет, Швајцарија - Алжир и Колумбија - Гана.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter