Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
1Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
МакедонијаПет лица се приведени, поврзани со исчезнувањето на 14- годишната Вања, потврди Спасовски Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска.Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Шестти ден од нејзиното исчезнување во Македонија и регионот се уште на сите медиуми прва вест и фотографија е лицето на Вања со апел да се помогне за нејзинот пронаоѓање. Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски вели дека состојбата е многу загрижувачка. Истрагата треба да продолжи во правец и на места, и со луѓе кои биле посетувани контактирани во истрагата повторно да се проверуваат. Министерот Оливер Спасовски во собрание на пратенички прашања одговори дека нема апсолутна потврда дека Вања била во близина на ресторан кај Универзална сала . Министерот посочи дека исчезнувањето било пријавено од страна на нејзиниот татко околу 11 часот во понедникот. Како еден од идентификаторите за нејзиното движење е мобилниот телефон, за што семејството велеше дека последен пат сигнал од телефонот е лоциран во близина на универзалната сала. Спасовски објасни дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сите сведоци прегледани се видеа од 50 камери, пребарано е коритото на реката Вардар, манастири и дека истрагата продолжува. Вања исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот и по јавување од нејзината класна кај мајката Зорица, објаснуваќи дека Вања не е во училиште. Мајката изјава дека се соменева во киднапирање на ќерката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Скандал во Гостивар: Непознати лица го кинат македонското државно знаме (ВИДЕО)Непознати лица денеска го кинат македонското државно знаме од центарот на Гостивар, каде што се веат илјадници албански знамиња, без ниедно македонско, спротивно на кој било закон или правило. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа симнување и кинење на македонското знаме. Според информациите, настанот се случил пред општинската зграда во Гостивар и е пријавен во полиција. Полициска екипа извршила увид на местото на настанот, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување. Засега нема дополнителни информации за тоа кој го отстранил знамето и под кои околности се случил настанот. View this post on Instagram A post shared by Патриотско Друштво (@patriotskodrustvo) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредношколците со бизнис идеи се борат за награда од милион денариМинистерката за образование Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси... Имаат по 16,17 или 18 години, а веќе развиваат бизнис-идеи, создаваат прототипи и размислуваат како да заработат од сопствените производи. Платформа за краткорочни работни ангажмани за средношколци, апликација која треба да го реши проблемот со наоѓање мајстори и организирање на реновирањето и дитигален асистент за учење со помош на вештачка интелигенција, се само дел од креативните идеи на средношколците кои се натпреватуваат на „Средношколец милионер“, натпревар чиј победник освојува милион денари за реализација на и развој на својата бизнис-идеја. На денешното полуфинале средношколците ги посети министерката за образование Весна Јаневска, која слушна дел од нивните иновативни решенија... Натпреварот се одржува втора година по ред, а годинава како што истакнаа организаторите учеството е зголемено за 40%. Од над 600 пријавени тимови од 110 средни училишта, избрани се 60 полуфиналисти. Околу десет инвеститори покажале интерес да вложат во дел од идеите, а утре на финалето ќе одберат кој ќе ја освои главната награда. Лани победи тим од тројца средношколци од Битола, кои со својот проект „Систем 4“ развија пакет ВИ-решенија за хотели и ресторани, меѓу кои и виртуелен телефонски агент кој може да прима повици и резервации.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКличко го откри бројот на повредени во руски напад- погоден е инфраструктурен објект Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес изјави дека три лица се повредени во напад со руски дрон во градот и дека е погоден критичен инфраструктурен објект.Кличко во објава на Телеграм изјави дека ова може да доведе до прекини на електричната енергија и водата во некои делови од градот, објави украинскиот весник Правда. „Критичен инфраструктурен објект беше погоден во Киев. Експертите итно ја проценуваат големината на штетата. Некои делови од градот може да доживеат прекини на електричната енергија и водата“, рече Кличко. Според него, рускиот напад се случил во регионот Била Церква во регионот Киев.Тагови: Виталиј Кличко руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31