МакедонијаПет кандидати за член на Судски совет интервјуирани во Собранието, еден кандидат не се појави На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска беа интервјуирани пет од шесте кандидати кои ги исполнија законските услови за член на Судскиот совет. Не се појави кандидатката Светлана Попова поради што се смета дека таа ја повлекла кандидатурата. Најголем дел од кандидатите работат како адвокати и доаѓаат од гостиварскиот регион. Дел од нив работеле во Основниот суд во Гостивар, а некои и во државни институции. Речиси сите тврдат дека не се членови на политичка партија. Сабедин Даути, нотар од Гостивар, смета дека судската власт треба да биде ослободена од било какви влијанија и уверен е дека со искуството што го има може, како што рече, совесно и принципиелно да ја извршува функцијата член на Судскиот совет. Вели дека ќе биде посветен на унапредување на транспарентноста, мерит системот и градењето доверба во судството. Тврди дека никогаш не бил член на политичка партија, ниту дека присуствувал на партиски состаноци. Во одговор на поставено прашање од невладините организации потврди дека бил кандидат за градоначалник на Гостивар предложен од Влен, меѓутоа дека пред да ја прифати кандидатурата се консултирал со Нотарската комора и со Министерството за правда од каде добил потврден одговор дека може да се кандидира. - Никогаш не сум бил член на таа партија и никогаш не сум присуствувал на состаноците на партијата. Во никој случај немам поврзаност со било која партија, рече Даути. Арбер Исаку е дипломиран правник кој работи како адвокат. Доколку биде избран за член на Судскиот совет вели дека неговото делување ќе се темели на неколку постулати – доследна примена на мерит системот, неселективна примена при утврдувањето на дициплинската одговорност, аргументирано образложување на одлуките и личен придонес кон зајакнување на институцијата Судски совет. - Кога зборуваме за судството не можеме да го замериме фактот дека довербата во судството е многу мала. Рејтинот на судството не се подобрува со декларативни заложби, туку со транспарентни одлуки. Институцијата која одлучува за судиите мора да биде пример на објективност и доследност. Не е доволно само да биде донесена одлука, туку таа треба да биде јасно аргументирана, рече Исаку во своето излагање. Сејфула Османи, адвокат по професија, исто така од Гостивар, во своето претставување рече дека работел во Основниот суд во Гостивар, но дека ја напуштил оваа работа поради тоа што не сакал да потпадне под влијание. Политички немам никаков ангажман и не планирам да имам, рече Османи. Верува дека може да се подобри рејтингот на судството, а како член на Судскиот совет вели дека би работел на заштита на оние судии кои чесно си ја работат својата работа. - Судскиот совет треба им даде заштита на оние судии кои не сакаат да потпаднат под влијание. Судиите некогаш се чувствуваат кршливи бидејќи никој не ги штити. Не сум зза тоа да се бранат судиите кои се корупирани, тие треба да бидат осудени, но да се заштитат оние кои си ја работат работата. Судиите треба да станат партнери со Судскиот совет, а не да бидат на две спротивни страни, рече Османи. Феузи Џафери, адвокат од Гостивар, кој по вторпат се пријавува на огласот, вели дека Судскиот совет мора да се залага за подобро работење на судиите и за враќање на доврбата на граѓаните во судството. - Крајно време е напишаното и реалната состојба да станат едно. Мислам дека можеме да имаме независно судство и дека можам да придонесам во таа насока, рече Џафери, кој додаде дека ќе се залага за транспареноста. Фадиљ Џелили, адвокат од гостиварско, кој во 2010 година е избран за заменик-претседател во Основниот суд во Гостивар, но во 2014 година против него е покрената постапка за одговорност. Ваквиот чекор, според него, бил направен од политички побуди. - Бев зачуден од ваквата постапка за одговорност бидејќи сите што ме познаваат, знаат дека сум непопустлив, а тоа можеби е мана во денешно време. Не дозволив тие да постапат и отидов во Судскиот совет и си поднесов оставка. Оттогаш работам како адвокат. Од 1999 година не сум бил во политичка партија затоа што политиката на нашите простори е таква каква што е, рече Џелили. Потврди и дека бил повереник на Владата за Гостивар и дека ги извршувал работите во надлежност на градоначалникот до повторните избори во овој град. Смета дека треба да се работи на тоа секој да има одговорност без разлика дали е обичен службеник или на повисока функција. Она што му се допаѓа во новиот закон, како што рече, е тоа што се споменува одговорност и за членовите на Судскиот совет. - Зборот одговорност во нашата земја е речиси пред исчезнување. Одговорноста е толку падната тргнувајќи од обичен службеник, до највисоките истанци. Мора одговорноста да се врати, мора секој во било која позиција да има некаква одговорност особено во судството, рече Џелили. По денешното интервјуирање на кандидатите, до Собранието треба да биде доставена предлог листа на кандидати за член на Судскиот совет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44