Пет интерпелации во еден ден, помина само за Илире Даути

Разрешена е или не е Илире Даути од претседателското место во Комисијата за социјална политика?

И покрај тоа што за првпат во Собранието беше изгласана интерпелација со мнозинство од 61 глас, се отворија нови дилеми и различна интерпретација на донесениот заклучок.

Откако од Кабинетот на спикерот Гаши испратија појаснување дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците, нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство, од Движењето ЗНАМ реагираа дека за нив е нејасно на што се темели овој став. Оценуваат дека исходот од гласањето е многу јасен и очекуваат уште во понеделник да се предложи друг опозициски пратеник на местото на Даути.

-Собранието утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. За Движењето ЗНАМ, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието. – пишува во нинвното соопштение.

За интерпелацијата за Даути која ја поднесе Левица поддршка дадоа ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, додека пак Вреди и Европскиот фронт беа против. СДСМ ја напуштија седницата иако законот за бранителите кој го блокираше Даути, што доведе до нејзина интерпелација е нивни предлог. Според собранискиот деловник, „ако Собранието ја прифати интерпелацијата, донесува заклучок во кој се изнесува ставот во врска со наводите на интерпелацијата“.

-На Собранието му предлагам да го изгласа овој заклучок: Собранието на Р. Македонија констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади се основани. Овој заклучок се става на гласање, ве повикувам да гласаме.- Африм Гаши – претседател на Собрание

Каков епилог ќе добие интерпелацијата и дали постои друг механизам за разрешување на Даути од Комисијата за социјална политика, според информациите на Канал 5 ќе се дебатира на понеделничката координација кај Гаши.

Инаку, пратеничката од партијата на Зијадин Села кој е дел од Европскиот фронт, со месеци одбива да го стави на дневен ред Законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили, со образложение дека и борците од ОНА треба да ги добијат истите права како бранителите од 2001вата.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер