Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
МакедонијаПет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева 340 милиони денари или 5,5 милиони евра изнесува вкупната финансиска конструкција за прославата на 35 години независност, според информациите што ги соопшти Владата. Од нив, 300 милиони денари, или 4,8 милиони евра, биле обезбедени преку Државната лотарија од нераспределената добивка за 2024 година, а дополнителни 40 милиони денари или околу 650.000 евра обезбедиле општествено одговорни компании. На речиси едночасовна прес конференција која ја одржаав владината портпаролка Марија Митева, директорот на АД Државна лотарија Александар Климовски и сопственикот на Авалон продукција беа објаснети деталите околу одлуката и склучувањето на договорот за организирање на прославата. Митева кажа дека со владин заклучок било предвидено ангажирање на светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија. „Владата донесе заклучок каде се утврдија конкретните активности за прославата за независноста. Беше предвидено А класа светски артист, со А класа продукција кој гарантира 30.000 посетители, организирање на 12 настани низ Македонија со концепт, настан со светска ѕвезда А класа во придружба на македонски артисти. Ќе ми дозволите да направам важна споредба, Перпарим Бајрами и Артан Груби – 8,2 милиони во воздух. Тоа се средства кои не завршија кај граѓаните, а ова се пари кои завршија за граѓаните.“ Директорот на АД Државна лотарија Климовски вели дека тие 300 милиони денари кои доаѓаат од нераспределената добивка се компаниски пари, а не буџетски иако единствен сопственик на компанијата е државата. Тој објасни дека откако го добиле заклучокот од Владта, објавеиле јавен повик, иако согласно законот за спонзорства и донации немале таква обврска, а не него се јавила само фирмата Стардаст која ги имала правата за трговската марка на Авалон. „Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари.“ Лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно на прес конференција побара Владата веднаш да ги објави записникот од 167. седница, целата документација за постапката и поединечните исплати на сите учесници во прославата. Според него, лага е дека парите не се државни и праша зошто не биле употребени за друга намена. „Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните. Ниту знаеме кој одлучувал за пет милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми набавката ѝ е доделена на компанијата што го организирала настанот. Само неколку месеци претходно истата компанија добила пари од Државната лотарија и за други активности, а никој не знае за кои и какви. Може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа? Зошто дивидендата од Државната лотарија не се намени за исплата и зголемување на субвенциите на земјоделците, за лековите што недостасуваат, за подобрување на инфраструктурата во училиштата или за зголемување на социјалната помош? “ Инаку, на самиот почеток на денешната пресконференција за отчетот, сопственикот на Авалон Бобан Милошески се извини за неговиот однос кон новинарката на Слободен печат, кога на претходната прес конференција на прашањето за тоа колку чини концертот на Дејвид Гета, одговори со, цитирам, „дали мислите дека сум идиот“... Според договорот со Авалон, Климовски вели дека до 1 октомври продукцијата ќе треба да достави детален извештај за тоа колку пари за секој настан од прославата поедничено се потрошени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот растМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC.Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“. „Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа на новите технологии и вештачката интелигенција. Имаме добар почеток, затоа што Македонија забележа раст на БДП од 3,7 проценти во првата половина од 2026 година и раст од 4,3 проценти во вториот квартал, во услови на ниска инфлација. Овој раст е воден и од инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата“, изјави Андоновски. „Затоа сме тука – да отвориме нови можности за инвестиции во дата-центри, примена на вештачката интелигенција и развој на технолошки компании, како и да привлечеме што е можно повеќе компании, разновиден капитал и ново знаење во Македонија“, додаде министерот. На панелот учествуваа и претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Извршниот одбор на Yettel Bank, Александар Богдановиќ. Дискусијата беше насочена кон можностите Западен Балкан да се позиционира како центар за иновации, дата-центри и нови технологии, како и кон значењето на дигиталната инфраструктура, енергетските капацитети, човечкиот капитал и поволното деловно опкружување за привлекување високотехнолошки инвестиции. За време на форумот, министерот Андоновски даде изјава и за гледачите на Македонската радио-телевизија, во која се осврна на придонесот на ИКТ-индустријата во економскиот раст и на можностите за нови инвестиции во Македонија. Во продолжение на форумот, министерот Андоновски ќе учествува и на затворената тркалезна маса „Еден регион, еден пазар? Трговијата, работната сила, инвестициите и иднината на регионалната интеграција“. BELTALKS 2026 го отвори претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут, додека завршното обраќање е предвидено за претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Форумот обедини високи политички претставници, носители на одлуки и претставници на деловната заедница од регионот и Европа. Кабинет на Министер Стефан Андоновски,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрбин за малку ќе испаднеше од авион на Рајанер- од компанијата ги оспоруваат неговите тврдења Авиокомпанијата „Рајанер“ објави дека ќе ги оспори тврдењата на патникот Љубиша Каровиќ дека дел од неговото тело бил надвор од авионот откако се скршил прозорец на летот од Грција до Германија во јули. Во инцидентот, кој сега го истражуваат американските регулатори, 61-годишниот претприемач бил сериозно повреден, пишува „Гардијан“. Адвокатот на српскиот претприемач тврди дека неговиот клиент морал да биде повлечен назад во кабината од други патници бидејќи неговата глава и десна рака биле исфрлени од отворот поради ненадејна декомпресија. Шефот на „Рајанер“ ги негира тврдењата Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О'Лири, не се согласува со таа верзија. Тој им изјави на новинарите по годишното собрание на акционерите во Даблин дека компанијата ќе го побие таков опис на настанот. Тој рече дека Каровиќ „сигурно бил повлечен кон прозорецот, но не излетал низ него“. „Тој не бил делумно низ прозорецот. Ниту еден дел од неговото лице не завршил надвор“, рече О'Лири. „Веруваме дека ниту еден дел од неговото тело не бил надвор од авионот, иако тој навистина бил повлечен кон прозорецот во многу драматични околности“. Тој нагласи дека Србинот носел сигурносен појас и најави: „На крајот од процесот сигурно ќе оспориме дека тој или кој било дел од неговото тело бил надвор од прозорецот“. Сепак, додаде дека не се обидува да ја намали сериозноста на ситуацијата и дека компанијата ќе почека на резултатите од извештајот од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB), кој ја води истрагата. Улогата на сопругата во спасувањето Самиот Каровиќ изјави во претходно интервју дека верува оти сигурносниот појас го држел во авионот додека ја губел свеста. Неговата сопруга Светлана рече дека клучната улога во спасувањето ја одиграла друг патник додека го гледала својот сопруг кој бил „половина во авионот, а половина надвор од него“. Таа рече дека непознатиот патник, за кого веруваат дека е Албанец, „направил сè за да го внесе внатре“, а потоа успеал да го блокира отворот со куфер.Тагови: Рајанер Србинот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаУапсени се 12 вочачи- 11 возеле без возачка дозвола Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, 11 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 11 управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.И.(24), Ф.Б.(24), Б.М.(21), Д.С.(20) и С.Р.(36) од Скопје, С.Ф.(30) од Зелениково, Џ.У.(34) од село во општина Чашка, О.Ф.(41) од крушевско, Ф.В.(24) и Д.М.(31) од Куманово и кумановско. Додека, С.А.(34) од кичевско возел без возачка дозвола и со брзина од 100 км на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 40 км на час. Од слобода е лишен и А.С.(37) од село во општина Илинден бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter