Пет години затвор за руски професор кој ја критикуваше власта

Руски суд денеска осуди на пет години затвор професор и политиколог кој изрази критички став кон власта во Москва, пренесе Бета повикувајќи се на руски агенции.

Борис Кагарлицки првично беше осуден на парична казна од околу 6.160 евра поради „јавни повици за тероризам“.

Во жалбена постапка судот ја преиначи казната во петгодишна затворска казна.

Кагарлицки, професор во Московската гимназија за општествени и економски науки, од судницата е одведен во притвор.

СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет

Техничкиот министер на ДПМНЕ, Тошковски и неговите началници немаат капацитет.

Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.

Се уште нема разрешница за овие настани.

Ново убиство е случи и во Прилеп, каде свирепо беше убиено малолетно момче.

Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?

Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност, се наведува во партиското соопштение.

Над 100 лица се уапсени после погребот на Навални

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални додека лидерот на опозицијата беше погребан вчера во Москва и им порачаа на властите дека нема да им простат за неговата смрт.

Мајката на Алексеј, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над отворениот ковчег и го бакнаа за последен пат, придружувани од звуците на мала група музичари. Илјадници луѓе дојдоа на погребот.

Јулија Навална, вдовицата на лидерот на опозицијата, му оддаде почит на својот сопруг преку X, заблагодарувајќи му се за „26 години апсолутна среќа“. "Не знам како да живеам без тебе, но ќе дадам сѐ од себе за да те направам среќен и горд на мене таму горе. Не знам дали ќе успеам, но ќе се обидам", напишала Навална, која е надвор од Русија.

Насобраните држеа цвеќе во рацете, а некои скандираа: „Русија ќе биде слободна“, „Не за војната“, „Русија без Путин“, „Нема да простиме“ и „Путин е убиец!“ Не долго откако ковчегот со телото на Навални беше ставен во земја, во Москва започнаа првите апсења. На удар на полицијата се најдоа луѓето кои скандираа против Путин и војната во Украина.

Најмалку 115 лица се приведени ширум Русија поради оддавање почит на Навални, објави ОВД-Инфо. Најголемиот број, 16 од нив, се приведени во градот Новосибирск.

Најмалку 10 лица се приведени во Москва, според ОВД-Инфо. Уште 10 лица се уапсени во Екатеринбург, додека 14 се приведени во регионот Воронеж.

Луѓе биле приведени и во Челјабинск, Омск, Владикавказ, Сочи, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Казан и Улан-Уде.

Активисти ја прекинаа модната ревија на Викторија Бекам во Париз (ВИДЕО)

Ревијата на Викторија Бекам на модната недела во Париз беше прекината од активисти за правата на животните, кои им се придружија на нејзините модели на модната писта.

Групата Луѓе за етичко постапување со животните (Пета) соопшти дека тоа е протест против употребата на животинска кожа во модната индустрија воопшто, објави Би-Би-Си.

Демонстрантите носеа маици на кои пишуваше „Животните не се ткаенина“ и мавтаа со натписи „Вива веганска кожа“.

Викторија се појави со патерици на финалето на шоуто бидејќи има повреда на стапалото.

Таа носеше црна заштитна чизмичка на левата нога за да одговара на нејзината целосно црна облека. И покрај нејзината недоволна мобилност, таа прошета покрај модните фанови и критичарите во првиот ред, меѓу кои беше и поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо, некогашен соиграч на сопругот на Викторија, Дејвид.

Таа накратко застана за да бакне некого во толпата и рече кусо „благодарам“.

„Викторија Бекам ја поздрави толпата со патерици поради повреда на стапалото што ја доби во теретана“, изјави нејзиниот сопруг Дејвид.

Иако модниот бренд на Бекам не користи крзно или егзотични кожи, Пета истакнува дека некои дизајни користат кожа.

Европската претседателка на Пета, Мими Бекечи, рече: „Ниту една облека или додаток не вреди насилно да се коле и дере чувствително и интелигентно животно.

„Ја повикуваме Викторија Бекам наместо тоа да се сврти кон етичките и еколошки иновации достапни денес, како што се врвната кожа направена од јаболка, грозје, ананас, печурки и друго.

Активистите од добротворната организација за правата на животните „Пета“ се познати по нивните протести и редовно демонстрираат на светските модни настани - вклучително и во Њујорк, Лондон и Милано.

притисни ентер