Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
1Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
МакедонијаПет години членство на Македонија во НАТО - исполнета една од стратешките цели на државата Република Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година. По повод петгодишнината денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. Според агендата, на почетокот на настанот ќе се обрати министерот Муцунски по што ќе следи затворена дискусија. Определбата за евроатлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието ја усвои Резолуцијата во која беа дефинирани надворешно политичките приоритети на државата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ. На 15 ноември 1995 година државата го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата „Партнерство за мир“, а на 14 јуни 1996 година беше отворена Канцеларија за врски. Во април 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон, тогашна Република Македонија се стекна со статус на земја-кандидат за членство во Алијансата, по што отпочна подготовката и реализацијата на Акцискиот план за членство. Во финалната Декларација од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Алијансата донесе одлука дека земјата треба да добие покана за членство по решавањето на спорот за името со Грција. Во рамки на декларациите на следните самити на НАТО (Лисабон 2010, Чикаго 2012, Велс 2014 и Варшава 2016), беше повторена формулацијата од Букурешт дека Алијансата ќе упати покана за членство во НАТО веднаш по постигнувањето на взаемно прифатливо решение за името во рамки на ОН. На Самитот на НАТО во Брисел, 11-12 јули 2018 година Северноатлантскиот совет, на состанок на ниво на шефови на држави и влади, донесе одлука да ја покани Република Македонија да ги започне пристапните разговори за членство во Алијансата. На 1 август 2018 година тогашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг упати писмо до тогашниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, заедно со Планот за спроведување на процесот на пристапување во НАТО. На 18 и 19 октомври 2018 година, на состанокот одржан во седиштето на НАТО во Брисел земјава успешно ги заврши пристапните разговори за членство. На 21 јануари 2019 година, министерот за надворешни работи упати писмо до генералниот секретар на НАТО во кое беше изразена подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство во НАТО, содржани во Вашингтонскиот договор и Студијата за проширување на НАТО од 1995 година, како и желбата за добивање на покана за пристапување кон НАТО. На 6 февруари 2019 година, во седиштето на НАТО во Брисел, претставниците на 29 земји - членки на Алијансата во присуство на тогашниот генерален секретар на НАТО и поранешниот министер за надворешни работи го потпишаа Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во Алијансата. По свечената церемонија во Брисел, започна постапката за ратификација на Пристапниот протокол од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Процедурата за ратификација на Пристапниот протокол беше финализирана на 19 март 2020 година, кога амбасадорот на Кралството Шпанија во Вашингтон, го предаде инструментот за ратификација на Вашингтонскиот договор, со што се заокружи третата и последна фаза од пристапниот процес. Со цел непречено одвивање на процесот на интеграција на земјата во НАТО, Собранието на 11 февруари 2020 година, едногласно го ратификуваше Северноатлантскиот договор, по што, на 20 март 2020 година, следеше и потпишување на инструментот за ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на претседателот на државата. На 27 март 2020 година, преку македонската Амбасада во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што земјава и официјално стана триесетта земја членка на Алијансата. /МИАТагови: Македонија НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапаСкопје денеска пулсира во ритамот на 22. Виз Ер Скопски маратон, кој годинава обедини повеќе од 15.000 учесници од 63 земји од целиот свет.Стартот на маратонот го означи министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, испраќајќи порака дека спортот ги поврзува луѓето, ги надминува границите и создава позитивна енергија која се пренесува низ целиот град. „Скопскиот маратон е голем спортски настан кој го става Скопје и Македонија на светската спортска мапа. Илјадниците учесници од десетици земји денеска испраќаат силна порака дека спортот обединува, мотивира и инспирира. Како Министерство за спорт, заедно со Владата, остануваме силен партнер на спортот и на настаните кои го промовираат активниот и здрав начин на живот и ја афирмираат нашата држава. Затоа и годинава стоиме зад Скопскиот маратон и ќе продолжиме да поддржуваме настани кои носат спортска енергија, ги мотивираат граѓаните да бидат активни и го промовираат Скопје пред светот“ - истакна министерот за спорт. Ристовски упати честитки до сите учесници, организаторите, волонтерите и сите кои придонесуваат Скопскиот маратон да прерасне во препознатлив меѓународен спортски настан. „За секој што денеска е на патеката, најважен е сопствениот предизвик. Трчајте со срце, уживајте во трката и бидете горди што сте дел од оваа голема спортска приказна“ - порача Ристовски. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои придонесуваат за развојот на спортот, промоција на активниот живот и меѓународна афирмација на Македонија. На годинешното 22.издание на Скопскиот маратон се трчаат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Со почит, Министерство за спортТагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?Средбата ја нарекува клучна. Пораките за уставните измени не му се допаѓаат. Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик. Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство. Никогаш Северна. Укинување на Преспанскиот договор. Враќање на името. Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен. Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет. Затоа што чекорот остана ист: Основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. Мицкоски тоа не го сака. Затоа „разговараме, не преговараме“. Затоа вината пак ја насочува кај претходните. Две и пол години ветуваше подобри услови. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова рамка. СДСМ го зборуваше ова пред изборите. Сега му го кажа и Фон дер Лајен во лице. Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува. Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ. Нема повеќе предавниции. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес. И што ќе прави сега Мицкоски? Избори? За да избега од следниот чекор? Некој од Спутниците да му фрли ракавица? Да го предизвика, па повторно нови ветувања? Нови лаги? Вистината дојде. Правдата наскоро. Власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. Правдата мора да биде задоволена. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умеренНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвитените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook