Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
ЗдравјеПет дена болницата во Прилеп е без греење, пациентите се снаоѓаат„Четири дена немаме греење и никој не доаѓа да не праша како ни е на нас“.Четири дена се смрзнуваме во болничка соба во која радијаторите се грч ладни, а нема ни клима уред, ниту греалка, тврди триесет и седумгодишниот Рубин Ристевски, пациент од Прилеп, кој поради висок крвен притисок веќе една недела лежи на интерното одделение во прилепската болница. Тој во телефонски разговор за Канал 5 објаснува дека дошол во за да оздрави, ама се доразболел, качил и над 38 температура, бидејќи внатре му е постудено од надвор. Вели, ги прашуваме лекарите зошто е студено, а тие само креваат раменици. -Четири дена немаме греење и никој не доаѓа да не праша како ни е на нас, или да донесе нешто за затоплување. За нас овде никој не е заинтересиран. Јас веќе два дена сум со температура, неколкумина сме во собата и повеќе не се издржува. Доаѓаат лекари не надгледуваат, но никој ништо не кажува. Ладни ли се радијаторите, целосно студени? Да, да, ладни се и никој не доаѓа да каже, ниту да донесе некоја греалка, што ќе правиме понатаму не знам бидејќи навистина повеќе не се издржува. Подобро ќе беше да си останев дома, барем ќе бев на топло. Има ли барем топла вода? Нема ни тоа, бојлерот е расипан, па се миеме со ладна вода. Ова е хаос, господ да не даде да влезеш в болница... Ова не е болница, ова повеќе ми изгледа на мачилиште отколку на болница, вели Рубин Ристески. Дел од пациентите на други оддели велат и дека и мажи и жени се ставаат во една соба каде има клима за да се затоплат, како и дека самите лекари им кажуваат да дојдат на хоспитализација со греалка, но директорката на прилепската болницата Кети Смилевска ова го демантира и тврди дека не е вистина. Смилевска не сакаше да даде изјава пред камера, но во телефонски разговор за Канал 5 вели дека радијаторите не биле ладни, туку млаки, бидејќи се штеделе последните резерви на мазут. Според неа, проблемот со греењето ќе се реши утре кога ќе пристигне мазутот од новиот добавувач, бидејќи на стариот, кој повеќе не сакал да соработува со нив, пред 5 дена му истекол договорот. Од Министерството за здравство пак, велат дека се информирани за, како што наведуваат оптимизрана потрошувачката на мазут за греење во прилепската болница, земајќи предвид дека добавувачот без претходна најава го прекинал договорот за испорака. Додаваат и дека се работи на трајно решение на овој проблем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина.Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Таквите преговори не се одржани од февруари. Ушаков рече дека новата рунда преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“. Виткоф го информираше Путин за разговорите одржани еден ден претходно во Осло, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер и финскиот претседател, рече Ушаков. Претставникот на Трамп разговараше со Путин Според него, Виткоф „укажал на некои нови пристапи и нови елементи во позициите на Европејците и Киев, иако тие не содржеа многу корисни за решавање на украинската криза“. За време на речиси тричасовниот состанок, Путин и американскиот претставник разговараа и за спроведувањето на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво, додаде Ушаков. Тие разговараа и за кризата во Иран. „Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер“, рече Ушаков. Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.Тагови: кремљ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто. Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста. Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот. Што им советува СЗО на бремените жени? Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“. Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување. Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени. Russian Sukhoi Su-30SM fighter jet crashed near the town of Chernyakhovsk located in Russia's Kaliningrad Oblast on Wednesday afternoon. According to reports, the two crew-members managed to eject before the plane impacted the ground. They were later transferred to a medical facility with some wounds. Presumably, the airframe belonged to the 4th Guards Naval Assault Aviation Regiment of the Baltic Fleet, with home-base at the nearby Chernyakhovsk Air Base. (Su-30 photo is for illustration purposes only and might not represent the actual airframe lost in the accident) — Status-6 (@Archer83Able) October 21, 2026 „Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook