Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
1Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
КултураПет децении творештво на тетовскиот ликовен уметник Александар В. НастескиСо изложба на своите дела тетовскиот ликовен уметник Александар В. Настески одбележува 50 години ликовно творештво. На оваа изложба љубителите на сликарската уметност во Тетово ќе имаат прилика да ги видат делата кои авторот ги дели на четири циклуси. Во првиот ја истакнува приврзаноста кон Тетово, а во вториот продолжува со митологија, историја и еротика. – Првиот опус му го посветив на мојот град Тетово сликајќи ги неговите питорескни улици, маала, Два бреста, Колтук, тетовските свадби и капии како и пејзажи од величествената Шара. Вториот циклус го почнав со минијатури, кои всушност беа слики од мал формат со теми од митологијата, историјата и еротиката, кои подоцна прераснаа во големи формати и со кои слики учествував на две изложби во Париз и во Кањ сур мер во Франција. Сликите беа со наслови: Голимите Дионизии, Салома, Небо и земја и беа исполнети со брановидна вибрациска сила и со големи контрасти, објаснува уметникот. Следува циклус со слики кои ги создава и со примеса на културолошки и психолошки аспекти. -Тоа се слики со ангажирана примеса и со историски, култоролошки и психолошки содржини, со експресивно обликувани ликови и форми и со голема динамичност во композицијата. Тие слики го прикажуваа нашиов суров, неправеден и тегобен свет, крикот на Природата, Човекот и Животот исполнет со војни, болести, пандемии, глад, сиромаштија, уништувања, загадувања на Земјава, но и со моето непомирување со таквата стварност, вели сликарот. Со четвртиот циклус творештво започнува околу 2016 година. -Тогаш се запознав со античките митови за постанокот на светот како и со античкото македонско сликарство од кралските гробници во Пела и Кутлеш, кое нешто ми остави длабок впечаток и постана моја инспирација во моите најнови слики-циклус кој го нареков Македонија-Ера на кладенките-Менадите.Во исто време ги пронајдов и неверојатните праисториски гравири со една голема Ѕвезда и поголем број помали ѕвезди околу неа- вистинско ѕвездено небо, а лево и десно по една купoла како симболи за Сонцето и Месечината. Овие гравири ни кажуваат дека нашите предци од преисторијата биле загледани во небото и со стравопочит го следеле тој непрекинат дено-ноќен спектакл и се обраќале кон небото со надеж дека секогаш ќе бидат тука Ѕвездите, Сонцето и Месечината од кои добивале светлина и топлина неопходна за нивниот опстанок, нагласува авторот. Изложбата со која ќе го одбелеи јубилејот ќе биде отворена во Уметничката Галерија во Тетово на 20-ти октомври (среда) во 18 часот. Досега реализирал 33 самостојни изложби во земјата и странство. – Мојата прва самостојна изложба ја имав во оваа галерија во далечната 1971 година, две години по завршувањето на Педагошката академија во Скопје и со парите од тие слики заминав во Париз да го видам центарот на светската уметност и нешто да научам. Потоа потрошив уште 5 години на Академијата во Белград уште малку да доучам. А потоа се редеа изложбите во земјава и во странство, но се редеа и годините, и така лека полека стигнав до мојот јубилеј 50 години ликовно творештво, и пак со изложба во оваа галерија. Важно ми беше да сликам,годините да ги исполнам со творештво, а во тоа најповеќе ми помогнаа моите сграѓани за што сум им многу благодарен, вели уметникот. Александар В. Настески е роден 1948, а Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година. Член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 како и на Здружение на ликовни уметници од Тетово, а учествува на заедничките изложби на двете друштва. Во странство учествувал на меѓународни изложби во Париз, Кањ сур мер во Франција и во Капо ди Понте во Италија. Учествувал на Меѓународниот Симпозиум за карпеста уметност Валкамоника во Капо ди Понте- Италија во 2011 год. со свој труд и своја изложба а во 2013 со свој труд, додека во 2018 год. е учесник на Конгресот на Интернационална Федерација за Карпеста Уметност со свој труд. Александар СамарџиевКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо МНР повикан претставник на Амбасадата на Република БугаријаДенеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи.На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна. Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции. Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација. Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием. На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. ...Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформаМинистерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување. „Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска. Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот. Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор. Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој. „Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска. Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!, порача преку Фејсбук, првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев. На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари. Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика. Извршено е тампонирање на теренот, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед, додека во наредната фаза е предвидено поставување на осветлувањето на картинг центарот. Новиот Картинг центар ќе претставува дополнителна атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на градот и ќе отвори нови можности за спорт, рекреација и забава. Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, современа инфраструктура и содржини за сите генерации!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter