Пет балтички земји бараат дополнителни средства за заштита на надворешните граници на ЕУ - Канал 5

Пет балтички земји бараат дополнителни средства за заштита на надворешните граници на ЕУ

Барањето на петте балтички земји членки на ЕУ доаѓа во време кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се наоѓа на неколкудневна турнеја низ источните земји на Унијата.

Пет балтички земји бараат дополнителни средства за заштита на надворешните граници на ЕУ

Министрите за внатрешни работи на пет земји од реонот на Балтичкото Море – Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Финска ја повикаа Европската комисија да обезбеди дополнителни средства за заштита на надворешните граници на ЕУ, кои меѓу другото би биле наменети за зајакнување на системите за воздушен надзор, како и зголемување на бројот на беспилотни летала.

Во писмо упатено до потпретседателката на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен и до еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, петмината министри наведуваат дека „повеќе од четири години се соочуваат со хибридни закани“ од страна на Белорусија и Русија, кои вклучуваат и инструментализација на мигрантите.

Министрите за внатрешни работи на Естонија, Игор Таро, на Летонија, Рихардс Козловскис, на Литванија, Владислав Кондратович, на Полска, Марцин Кирвињски и на Финска, Мари Рантанен, во писмото тврдат дека во последните месеци на териториите на овие пет земји од Белорусија и Русија навлегле дронови опремени со експлозивни направи, кои се доближиле до населени реони со што предизвикале директна закана по безбедноста на локалните жители.

Тие потсетуваат дека со поддршка на Европската комисија досега е зголемена заштитата на границите, подобрена е контролата на миграцијата и зајакнати се капацитетите за реакција на кризни ситуации, но дека во сегашната ситуација тоа не е доволно и дека се потребни понатамошни инвестиции за заштита на надворешните граници на Унијата.

Писмото следи откако минатата недела во поле со пченка во близина на местото Осини во источна Полска, се урна и експлодираше летечки објект, за кој полските власти тврдат дека бил руски дрон. При експлозијата беа искршени прозорци на неколку куќи околу местото на инцидентот.

Барањето на петте балтички земји членки на ЕУ доаѓа во време кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се наоѓа на неколкудневна турнеја низ источните земји на Унијата, меѓу кои и Бугарија, Естонија, Полска и Финска, при што покрај што одржа средби со своите домаќини, таа посети и неколку капацитети на одбранбената индустрија, како и контролни пунктови на надворешните граници на блокот. Својата турнеја низ „источното крило“ на ЕУ, Фон дер Лајен за завршува денеска со посета на Литванија и Романија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.

Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

А од Обвинителството – молк.

Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија?

Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски?

Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат.

Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина.

1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар?

Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен.

СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции.

Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи?

2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра?

Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази.

Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо.

Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен.

Или предметите намерно се чуваат во фиока?

Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација.

Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат?

3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена.

И тука се гледа двојниот аршин.

Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо.

Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци.

4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село?

Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар.

СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат.

5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО.

Што прави Обвинителството?

Кој ги нападна младите?

Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб?

Кој е повикан на распит?

Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи?

Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази.

За милионски суми народни пари.

За нападнати млади луѓе.

За загрозено здравје на илјадници граѓани.

Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија?

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Според информациите со кои располагаме, на вчерашната прес конференција во Владата присуствувала и екипа на Euronews Македонија.

СДСМ: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Очигледно Владата веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможуваат пристап на официјални владини настани.

Како кога нема се уште нема дозвола?

Значи ли ова дека најавената истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија е застаната?

По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Како тогаш работат медиумите на Вучиќ во Македонија?

Што прави АВМУ? Или мачкаат очи?

Што прави Трајчевски што во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати?

Српскиот свет на Вучиќ веќе е во македонскиот етер.

Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда.

Наскоро медиумски мрак во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски .

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костовски: Бутел бележи силен развој со рекордни инвестиции во образованието, спортот и инфраструктурата

Општина Бутел доживеа вистинска промена.

Костовски: Бутел бележи силен развој со рекордни инвестиции во образованието, спортот и инфраструктурата

Речиси измина една година од мојот втор мандат откако ја преземав функцијата градоначалник. Работиме макотрпно и проектите се видливи. За оваа година се направија многу проекти, нови улици, паркови, нови спортско-рекреативни комплекси и игралишта.

Општина Бутел доживеа вистинска промена.

Во изминатата година работевме посветено, одговорно и со јасна цел – Бутел да биде поуреден, побезбеден, почист и подобро место за живеење за сите наши жители.

Не ветувавме невозможни работи. Ветивме работа и решавање на реални проблеми со кои секојдневно се соочуваат нашите граѓани.

Овие се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел.

Изминатиот период е период на кој сум особено горд, период во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна Општина Бутел.

Го започнавме водоводот во Љубанци и Љуботен. Капитален проект кој значи живот за овие две населени места.

Направивме рекордни инвестиции во образованието. Училиште во Визбегово кое е во вредност од 106.000.000 денари е веќе завршено.

Изградивме нова надградба на ООУ „Ацо Шопов“, а во истото училиште започна да се гради и нов затворен базен. Општинските основни училишта добија и нови енергетско-ефикасни фасади.

Инвестиравме и во детските градинки. Се изградија две нови детски градинки во Бутел 2 и Бутел 1, а во сите останати клонови е променет мебелот и дечињата имаат нови модерни играчки.

Општина Бутел го држи приматот на најспортска општина во Република Македонија. Инвестиравме во спортот и спортската инфраструктура како никогаш досега.

Изградени се 5 нови спортско-рекреативни центри, а во изградба се уште 3 нови.

За 5 години успеавме да асфалтираме улици како за 20 години претходно. Ги реконструиравме клучните сообраќајници во нашата општина, а најголем дел од улиците за прв пат добија асфалт.

Го уредивме речното корито на река Серава во должина од 1800 метри со трим патека и голем парк.

Радишани доби нов голем парк со голем плоштад. Нешто што беше ветувано со децении.

Изградени се над 30 спортски и детски игралишта во сите населени места.

Но, тука не застануваме!

Со голем интензитет се гради новиот мега парк на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Градиме нова пешачка патека покрај река Серава во населеното место Бутел 1. За прв пат во општина Бутел се градат и два моста, од кои едниот е веќе во завршна фаза.

За брзо започнуваме со изградба и на нова модерна поликлиника за која во целост се обезбедени финансиски средства и завршена е целосна тендерска постапка, ќе се започне со проектирање на секундарната мрежа за вода во Љубанци и Љуботен. Ќе се градат и нови спортско-рекреативни центри, ќе се реконструираат и нови клучни улици и многу други проекти кои ги ветивме пред нашите граѓани.

Ќе започнеме и со доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, а населеното место Визбегово ќе добие нова детска градинка.

Општина Бутел ќе добие нов модерен дом на културата.

Безбедноста на граѓаните е приоритет.

Во изминатата година започнавме и реализиравме активности за поголема безбедност. Наскоро сите јавни површини ќе бидат со видеонадзор.

Целта е превенција, поголема безбедност и заштита на јавниот имот.

Јавниот простор мора да биде безбеден за секој граѓанин.

Почитувани,

Секој нов метар асфалт, секоја нова патека, секое уредено место значи подобри услови за живот.

Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани.

Продолжуваме со уште посилно темпо!

За модерна, урбана и европска Општина Бутел!

YouTube video

Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер