Песни на македонски поети во романското книжевно списание „Хелис“ - Канал 5

Песни на македонски поети во романското книжевно списание „Хелис“

Одбрани песни од македонските поети Мишо Китаноски, Петко Шипинкароски и Димо Димчев се објавени во најновиот број на романското книжевно списание „Хелис“. Преводот на стиховите на романски јазик е на поетот Димо Димчев.

Песни на македонски поети во романското книжевно списание „Хелис“

Ревијата за книжевност „Брнувања“ од Струга денеска соопшти дека е континуирана застапеноста на македонските поети во ова реномирано списание во Романијa, кое се објавува во печатена и во електронска форма.

Меѓу поетите од Македонија чии стихови досега се објавени во списанието „Хелис“ се: Јован Стрезовски, Катица Ќулафкова, Тоде Илиевски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски, Славе Ѓорго Димоски, Виолета Танчева Златева, Ленче Милошевска, Весна Ацевска, Братислав Ташковски...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје.

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата.

MG Collective × Bratot Apparel

Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура.

MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор.

Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите.

Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат.

Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Похувани тиквички со колбаси

Во вторник (22.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Борис Секирарски - метереолог.

„Гответе со Дракче“ - Похувани тиквички со колбаси

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

2 парчиња колбаси

2 јајца

3 - 4 лажици брашно

малку сусам

малку лебни трошки

масло

сол и др. зачини по избор

За прилог

1 домат

1 краставица

може и рукола, шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. 

МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

За само две години од формирањето, МЕРМС успеа да го достигне максималниот резултат – целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер.

Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите.

МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност.

Овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси.

Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив.

Сто проецнти активна транспарентност значи целосно исполнување на критериумите за проактивно објавување информации на веб-страницата на Министерството. Во оценувањето се опфатени клучни области како: пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целосноста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

И уште поважно: извештајот покажува дека МЕРМС во однос на 2025 година го подобрил резултатот за 34,8 процентни поени, што е најголемото подобрување меѓу министерствата.

Токму ова е принципот врз кој МЕРМС го гради своето институционално работење – информацијата да стигне до граѓаните навреме. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека максималниот резултат е признание, но и обврска понатаму да се одржува највисокото ниво на отвореност.

Министерството останува посветено на принципите на отвореност, отчетност, професионалност и достапност на информациите, со цел граѓаните, медиумите и сите заинтересирани страни да имаат јасен и навремен увид во работата на институцијата.

Максимална транспарентност за само две години – резултат кој покажува дека кога отвореноста кон граѓаните е поставена како принцип на работа, таа може да стане институционален стандард.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер