Песков: Украина мора да ги повлече војниците од Донбас за да ја запре војната - Канал 5

Песков: Украина мора да ги повлече војниците од Донбас за да ја запре војната

 За да ја запре војната, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Песков: Украина мора да ги повлече војниците од Донбас за да ја запре војната

„Неколку пати изјавивме дека, за да се запре жешката фаза од специјалната воена операција, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас. Ова мора да се направи. Ова навистина би го олеснило преминот кон процесот на решавање на конфликтот со политички и дипломатски средства“, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Според него, нема рокови за повлекување на украинските војници од Донбас, но тоа би го олеснило преминот кон политичко и дипломатско решавање на конфликтот.

За да се постигне тоа, додаде Песков, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да преземе политичка одговорност и да ги повлече украинските вооружени сили од Донбас.

„Зеленски мора да преземе политичка одговорност и да донесе соодветна одлука. Нема рокови. Тоа треба да се направи денес, или уште подобро, требаше да се направи вчера“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков нагласи дека Русија ќе продолжи, како што изјави, со „специјалната воена операција“ сè додека не ги постигне своите цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност

напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ.

Во напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност

Во напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ, во комисијата за политички систем тече расправата по амандманите за законот за правична застапеност...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија нема надлежна служба која може да интервеницира за случаи со змии

Змијата кај скопјанецот Стево најверојатно сама го напуштила домот.

Македонија нема надлежна служба која може да интервеницира за случаи со змии

Војо Иванов, човекот кој беше повикан од службата 112 дојде во домот на Стево. Змијата не беше во домот на Стево откако Војо ја пребара собата каде што влегла. Тој раскажува дека и змијата се плаши и сами ја напуштаат куќата. Војо со совет до сите граѓани да не паничат кога ќе видат змија во домот или во близина да не ја напаѓаат бидејќи и таа во одбрана ќе касне.

И Стево со увери дека змијата не е во собата доби инструкции од Војо како да постапи доколку се појави змијата.

Во Скопје во интервнетивните единици нема вработено луѓе кои би постапиле во ваква состојба. Војо кој сите го знаат како супер херојот што е најчесто во летниот период е достапен 24 часа за лов на змии, гуштери во приватни домови, не е дел од никаква едница за спасување. Тој ова го работи со цел да помогне на луѓето да ги едуцира и да не биде повредена ниту змијата ниту човекот.

Најчесто во градските средини Војо, лови змии од видот смок тие не се отровни. Змиите се важни во синџирот на исхрана, бидејќи се ловци на глодари. Многу често луѓето со изгрдба на живеелишта и згради каде имало природа ги бркаат влекачите од домовите и завршуваат во дворовите и куќите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински: Законот за локална самоуправа не се носи поради политички инает

Иако веќе една година е заглавен во собраниска процедура, министерот  Златко Перински кажа дека нема намера да го повлече законот за локална самоуправа од процедура.

Перински: Законот за локална самоуправа не се носи поради политички инает

Тврди дека сите амандмани на опозицијата биле прифатени и очекува за истиот да се обезбеди дво третинско бадентерово мнозинство

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер