Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја - Канал 5

Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја

 Одлуката на Москва да ги продолжи квантитативните ограничувања на новиот СТАРТ за една година по нивното истекување беше гест на добра волја од страна на рускиот претседател Владимир Путин, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја

-Претседателот Путин многу добро ја разбира важноста на овој документ за глобалната стабилност и безбедност, па затоа никој не побара ништо од нас. Ова е јасен гест на добра волја од страна на Путин, рече тој во интервју за радио РБК.

Новиот договор СТАРТ, или СТАРТ III, е договор меѓу Русија и САД за меѓусебно намалување на арсеналите на распореденото стратешко нуклеарно оружје.

На прашањето дали Русија добила одговор од Вашингтон на иницијативата што ја започнала, Песков рече дека се чини дека украинскиот претседател Володимир Зеленски едноставно го спречил американскиот претседател Доналд Трамп да формулира став како одговор на иницијативата на претседателот Путин. Трамп се сретнал со Зеленски во САД еден ден претходно.

Путин претходно изјави дека Русија е подготвена да се придржува до квантитативните ограничувања на Новиот СТАРТ уште една година по 5 февруари 2026 година.

Тој истакна дека оваа мерка ќе биде одржлива само ако САД го следат примерот. Во своето обраќање до Федералното собрание во февруари 2023 година, Путин изјави дека Русија го суспендира своето учество во Новиот договор СТАРТ, но не се повлекува од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Во четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

150 гр. криспи брашно

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

Фактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг.

ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг.

Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина.

Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада.

Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.

2,31 милијарди евра вратена главнина за две години.

Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер