КултураПештерата Рамниште кај Прилеп крие траги од култура од минати времињаПештерата „Рамниште" во Прилепско, една од најпосетуваните, открива нови артефакти и податоци дека не е само ремек дело на природата, туку крие и остатоци од култура и присуство на човекот низ различни периоди.Ова се почетни наоди кои ги констатира истражувачот и новинар Тренчо Димитриески кој повеќе од две децении ја истражува материјалната култура во Пелагонија и Мариовско. Според констатациите на Димитриески, има траги дека човекот бил, не се знае од која намена, во пештерата зашто нашол многу фрагменти од керамика. -Неодамна кога влегов со таква намера, се вчудовидов кога наидов на купови траги од култура. Можеби стотина фрагменти од керамички садови, најверојатно од разни периоди. Но, според моите скромни познавања констатирам, не сакам крајно да тврдам, дека во пештерата има култура од, веројатно, бронзеното или железното време. Најдов некои рачки од садови со јазичеста форма. А постарите фрагменти, фактички, се скаменуваат, се спојуваат со другиот состав на пештерата. Пештерата Рамниште е геолошки истражена. Илјадници луѓе ја посетиле. Формирана можеби пред два и пол до три милиоа години. Па некогаш овие пештери биле засолниште. Но ретки или воопшто нема наоди на култура во пештера, објаснува Димитриески по последната посета на пештерата. Остануваат прашањата – како и зошто е посетувана пештерата Рамниште, дали за практични или култни намени, ритуални верувања. – Има и преданија. Ете, за таканаречената Гостинска одаја има приказна. Зошто влегувале. Зошто има садови тука? Стотици. Сигурен сум дека има и од античкиот период – римски и македонски период, што велат, рана антика – од 4 век пред до 4 век во нашата ера. А има и од доцната антика, од средниот век. Значи може да констатираме дека пештерата е користена од човекот за различни намени: за култни, за заштитување, за некакви верувања, или практични намени, па дури и за криење, вели Димитриески. Потребни се археолошки истражувања и стручни лица да одредат каква е материјалната култура. -За жал во Македонија имаме малку палеонтолози, стручњаци за тој праисториски период. Предметите од тие периоди имаат специфични облици кои стручњаците за тој период може да ги препознаат. Потребни се сериозни истражувања, со сонди, смета Димитриески. Пештерата Рамниште се наоѓа на локалитетот Рамниште, помеѓу селата Крстец и Оревоец. Се наѓа на западните падини на планината Козјак и е на 12 километри од Прилеп. Како што објаснува Дарко Неданоски, спелеолог од спелеолошкото друштво „Златоврв", првите истражувања се во 60-итете години на минатиот век, од првата генерација на друштвото „Златоврв". Тогаш првпат е пронајдена и е посетена и е документирана пештерата. Вкупната должина на Рамниште е 110 метри, а длабока е 25 метри. Но, пештерата не е археолошки истражувана, а сакаме туристички да биде атрактивна. -Оваа пештера е доста богата со пештерски украси: сталагмити, сталактити, сливови, драперии, завеси, столбови кои се во бела, црна, црвеникава и жолтеникава боја. Има и многу парчиња од различни видови керамика. Во минато време, жителите на Оревоец и Крстец сметајќи дека во длабочините на пештерата се кријаат зли духови, пештерата Рамниште ја нарекуваат и Духова дупка. Во одредени денови, како Духовден, носеле стомни, бардиња со вода, правеле ритуали за нивно здравје. Во 2013 година, спелеолошкиот клуб „Златоврв" покрена иницијатива пред општина Прилеп за заштита и туристичко уредување на пештерата, но не наидовме на разбирање. Се надеваме дека во иднина оваа пештера ќе ја внесеме во туристичката мапа на алтернативни и авантуристички места за посета на туристите во нашиот град, изјави Неданоски. Ова се, смета истражувачопт Димитриески, иницијални траги за археолошки да се констатира како, зошто, кога и низ кои, прецизни, времиња човекот бил во пештерата „Рамниште"./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветКатастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти. Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“. Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМореира во Милан за 50 милиони евра Лев бек на Стразбур и белгиски репрезентативец, 22 - годишниот Диего Мореира му се приклучи на Милан. Италијанскиот клуб плаќа фиксна сума од 50 милиони евра за Мореира, при што францускиот клуб би можел да добие дополнителни 16 милиони евра преку бонуси. Во договорот е вклучена и клаузула за процент од идна продажба. Од оваа продажба ќе профитира и Челзи, бидејќи Мореира го напушти клубот и премина во Стразбур пред две години за 8,5 милиони евра, плус клаузула за процент од идна продажба. Според „Трансфермаркт“ (Transfermarkt), пазарната вредност на Мореира изнесува 25 милиони евра. Тој забележа седум гола и 16 асистенции на 76 натпревари за Стразбур. Има одиграно четири натпревари за репрезентацијата на Белгија, вклучително и еден на неодамнешното Светско првенство.Тагови: Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава20 гастрономски приказни на aero street food festival 2026: скопје ќе вкуси нешто поинакво!Од такоси, суши и сочни бургери до свежа паста, фокача, сутлијаш и сладолед – паркот „Авионче“ во Општина Аеродром, од 4 до 8 септември, ќе биде највкусната точка во градот.Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе се претвори во голема кујна под отворено небо, исполнета со мирисот на свежо подготвена храна, жешки скари и специјалитети од различни светски кујни. На второто издание на AERO Street Food Festival ќе учествуваат 20 гастрономски брендови, со понуда што се движи од традиционални специјалитети до современи интерпретации на најпопуларните јадења од уличната гастрономија. „Нашата цел е фестивалот да прерасне во препознатлива градска традиција и место на кое се спојуваат квалитетната храна, домашната музика и добрата енергија. Оваа година фестивалот е поголем, поразновиден и содржински побогат, а учеството на 20 гастрономски брендови е потврда дека заедно создаваме настан што носи вистинска вредност за Аеродром и за цело Скопје. Особено ни значи поддршката од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаа нашата визија и потенцијалот на фестивалот“, изјави Дарко Панчевски, организатор на AERO Street Food Festival. За љубителите на мексиканските вкусови, Mustacos и 11: Eleven ќе подготвуваат такоси исполнети со богати комбинации од свежи состојки, сосови и зачини. Оние што претпочитаат лесни, прецизно подготвени и визуелно впечатливи залчиња ќе можат да уживаат во сушито на Loras Sushi. Бургерите – ѕвезди на уличната гастрономија Со свои уникатни комбинации ќе се претстават Fat Kitchen, Burgerslut, Jojo’s BBQ, Oljo’s и Smash Burger. Од класични до богато наполнети бургери и сендвичи, секој бренд ќе донесе сопствен вкус и стил. Jojo’s BBQ дополнително ќе понуди хот-дог, Noa Gyradiko ќе внесе медитерански дух со свежо подготвено гиро, а Жешко компирче ќе служи топол печен компир со путер и разновидни прилози по избор. Италијански и традиционални вкусови Вкусот на Италија ќе пристигне преку свежата паста и кросаните на Bistro 64, ароматичната фокача на Sorelle и пиците на „15 за 12“ и Pizza Vice City. Во понудата ќе се најдат и традиционалните кебапи на Дестан – добро познат гастрономски симбол што со генерации ги собира луѓето околу иста маса. Слатко финале За освежување со сладолед ќе се погрижат Scoop и Sweet Look, додека Milkey ќе подготвува палачинки со препознатливиот мирис на детството. Фестивалското мени ќе го дополнат кремастиот десерт на Сутлијаш бар и топлото, ароматично печиво со крцкава кора од Трансилваниско трдло. „AERO Street Food Festival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром. Од првиот залак до последната лажичка десерт, посетителите ќе можат да избираат меѓу такоси, суши, бургери, сендвичи, хот-дог, гиро, печен компир, паста, кросани, фокача, пица, кебапи, палачинки, сутлијаш и сладолед – придружени со богата програма на македонски музички изведувачи. AERO Street Food Festival е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои го препознаа неговото значење за промоцијата на домашната музика и локалната гастрономија, како и за збогатувањето на културната и забавната понуда на градот. Од 4 до 8 септември, Скопје ќе мириса поинаку, Аеродром ќе вкуси поинаку, а паркот „Авионче“ ќе стане најголемата трпеза во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19