МакедонијаПешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промениСо својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција.Добар ден Македонијо, Добар ден на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Др. Христијан Мицкоски, Почитувани членки на најголемата женска организација во Македонија, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Почитувани гости, Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија. Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество. Ја промовира и организира активноста на своите членки, развива политички дебати и политички стратегии со цел промоција на идеите на партијата во духот на демохристијанските вредности, со акцент на семејството и нашите деца, иднината на Македонија. Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените е клучен двигател на општествените и политичките промени. Жените кои се активни во партиските структури и во поширокото општество ćе уште се соочуваат со бројни предизвици, но нивната упорност и визија овозможуваат создавање на стратегии кои ги надминуваат бариерите и отвораат простор за нивно суштинско учество. Со искрено признание и благодарност ја упатувам својата почит кон моите претходнички, кои со својата храброст, решителност и посветеност ја градеа оваа Унија низ годините. Од нив научив дека вистинското лидерство не се мери по титули, туку по влијанието што го оставаш, по промените што ги создаваш, по луѓето што ги инспирираш, по вратите што ги отвораш, по врските што ги градиш и зацврстуваш секојдневно. Нивните совети, искуства и позитивни практики, кои ми ги пренесоа на почетокот на мојот мандат пред 5 години, ги имплементирав, ги унапредив и со тоа успеав да го дадам својот придонес кон зацврстување на унијата и нејзино подигнување на повисоко ниво, во и надвор од границите на Македонија, и тоа во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а светот се соочуваше со глобална здравствена криза. Во време на опозиција, развивањето на политички стратегии е уште посложено, но токму тогаш ја покажавме нашата решителност низ градење алијанси, мобилизација на јавноста, артикулирање на нови политики и промовирање на вредностите што ги застапуваме. Па така, Унијата на жени бележи присуство на голем број настани, митинзи, верски прослави, вклучувајќи и верски собири од другите заедници, настани организирани од амбасади и меѓународни заедници, организира јавни настани и своја политичка академија, трибини во кои најголем дел сум била говорник, видео обраќања, гостувања во дебатни и информативни емисии, пуштање во употреба на објекти и увид во градежни работи. Со гордост можам да кажам дека од реализираните над 2000 активности само во 2024-тата година, 2/3 беа од хуманитарен карактер за кои Унијата на жени се стекна со признанија за нашиот придонес и учество во подобрување на општеството подеднакво за сите. Млади меѓу младите, пензионерки меѓу пензионерите, политичарки, претприемачки, земјоделки и спортистки, докторки и хуманитарки; утеха за немоќните, надеж за болните, поткрепа за силните. Унијата на жени е модел, платформа за глобално женско лидерство. Преку унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот, каде докажуваме дека македонската жена има што да каже, што да направи и знаење да понуди. Во 2019та година, Унијата на жени, под водство на мојата претходничка и драга колешка Благица Ласовска, стана дел од големото европско семејство на женски унии во рамките на десните партии во Европа, а изминатата година, ја унапредивме соработаката меѓународна и бев назначена за потпретседателка и член на Извршниот одбор на Меѓународната женска демократска унија. И двете организации ги препознаа вредностите на Унијата на жени низ нашите активности, постигнати резултати и реализирани политики и во оваа прилика им се заблагодарувам на претседателката на ЕПП жени – Розалија Биро и претседателката на ИДУ жени – Софија Брамбила за нивните инспиративни пораки. Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, тоа беше слоганот на минатата годишна Конференција кога бевме одлучни за промени. Промените се случија и сега сме повторно громогласни. Промени кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција и дадовме сериозен придонес кон издвојувањето на историската победа на парламентарните и претседателските избори изминатата година, кога ја добивме и првата жена претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Но, нашата работа тука не е завршена. Нашата истрајност не е само борба за правичност во партиските редови, туку е и стремеж кон поголема демократска застапеност, каде гласот на жените не само што се слуша, туку и активно влијае врз обликувањето на идните политички и општествени процеси. Не се залагаме за декларативна рамноправност, туку за суштинска, реална и заслужена. Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации. Не сме тука денес само затоа што сме жени, туку затоа што сме компетентни, стручни и подготвени за сите предизвици. Нашата вредност и придонес, не треба да се мери во квоти, туку во заслуги: во знаењето што го носиме, во енергијата што ја даваме, во визијата што ја градиме. Само така ќе изградиме општество каде секој има шанса според својата вредност, а Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде силата што ќе ги зајакне, модернизира и турка овие политики напред – за подобро законодавство, за вистинска поддршка, за можности што не се само зборови, туку дела, кои одговараат на вистинските потреби на општеството. Семејството е темелот на општеството и игра клучна улога во демографските трендови, вклучително и наталитетот, миграцијата и структурата на населението. А политиките што го подржуваат семејството, како што се мерките за родителско отсуство, достапност на детска грижа, квалитетно образование, економско јакнење на жените преку нивно ангажирање на пазарот на трудот, политиките што ги охрабруваат младите да основаат семејство, како и економски олеснувања, меѓу кои се и 6-те обиди за вештачко оплодување на државен буџет, можат да ја поттикнат позитивната демографска динамика на Македонија и да обезбедат долгорочна стабилност, раст и развој. Затоа, како Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ давам силна поддршка за донесување на Национална стратегија за демографија преку конкретни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на мајките и семејствата како целина. Интегрираноста на жените во сите слоеви на општеството е клучна. Ние не треба да стоиме на периферијата, туку треба да бидеме активни учесници во креирањето политики, во водството, во промената на општеството. Нашиот стил на лидерство не се мери само со одлуките кои ги носиме, туку со начинот на кој ги изнесуваме истите. Ја чувствуваме тежината на одлуките, но никогаш не се колебаме да ги донесеме. Нашиот пристап не се базира само на логика, туку и на емпатија. Нашата сила е безгранична. Знаеме дека понекогаш тишината е посилна од зборот, но знаеме и да бидеме громогласни во заштита на семејството, а со тоа и на нацијата. Жената е пулсот на општеството – животот што тече низ семејството, заедницата и нацијата. Таа не само што ги носи предиспозициите да раѓа идни поколенија, туку и ги обликува нивните вредности, морал и духовна сила. Нејзината љубов како мајка го гради темелот на иднината, нејзината посветеност како професионалец придонесува за развојот на општеството, а нејзината визија како лидер инспирира промени што оставаат траен печат. Таа е чувар на традицијата, заштитник на нацијата и двигател на модернизацијата на општеството. Кога жената е почитувана и поддржана, општеството станува посилно, похумано и поодржливо. Кога мажот и жената заеднички чекорат низ политиката, општеството добива рамнотежа, визија и сила. Нивната соработка носи различни перспективи, хуманост и решителност, создавајќи политики што ги одразуваат потребите на сите граѓани. Поддршката меѓу нив не е само лична, туку и симбол на единство, каде што компетентноста и посветеноста ја надминуваат секоја разлика. Кога политиката се гради врз заемно почитување и заеднички напори, нацијата напредува кон праведност, стабилност и инклузивност, обезбедувајќи иднина каде што секој има глас и место во општеството. Нема силен маж без силна жена, ниту успешна жена без маж кој бескомпромисно ја поддржува. Ние не сме спротивставени сили, туку партнери. Во животот, во семејството, во општеството. Поддршката не е слабост, туку основа за вистински напредок. Би сакала сега да упатам јавна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Др. Христијан Мицкоски, кој постојано дава целосна и бескомпромисна поддршка на Унијата на жени. Како и до останатите колеги од партијата и до мојот тим. Мојот говор, ќе го завршам со изразување на искрена почит и благодарност до моето семејство. Вие сте мојата најголема сила, потпора и мојот неисцрпен извор на храброст и истрајност кога најмногу ми се потребни. Би благодарам што ја разбирате тежината на мојата мисија и покрај сите предизвици кои ги пребродивме заедно како семејство, вие сте најголемата причина за која ќе продолжам да бидам громогласна за успешна и стабилна Македонија до крај. Драги мои, останете громогласни за Република Македонија, да сте ми живи и здрави и да ни е вечна Република Македонија. Интегрален текст од годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАнџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земјаХоливудската актерка Анџелина Џоли е сè поблиску до голема животна промена. По продажбата на нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари во септември, сè повеќе показатели укажуваат на тоа дека таа планира живот надвор од Соединетите Држави, пренесува списанието *Azra*. Актерката моментално престојува во Камбоџа – земја со која одржува врска повеќе од две децении. За време на посетата, таа се сретна со верски лидери и му врачи подароци на Врховниот патријарх на будистичкиот ред Моханикај. Џоли и претходно изразувала желба да ја напушти Америка и да води номадски начин на живот, особено сега кога сите шест деца, кои ги има со Бред Пит, се возрасни. Пред да пристигне во Камбоџа, таа на 11 ноември престојуваше на Филипините, каде што учествуваше на панел во рамките на самитот на АСЕАН, посветен на инклузивниот раст. Зборувајќи за Камбоџа, таа не криеше колку ѝ значат луѓето и атмосферата во таа земја. „Ова место и неговите жители беа толку срдечни и отворени кон мене. Не можев да поверувам колку е силен нивниот дух, по сè низ што поминале. Понекогаш доаѓате на некое место и едноставно се чувствувате како дома“, изјави актерката. Нејзината поврзаност со оваа азиска земја започна во 2000 година, кога таму го снимаше филмот „Лара Крофт: Том Рајдер“. Исто така, токму во Камбоџа таа го посвои својот најстар син, Медокс, по кого ја именуваше фондацијата посветена на зачувување на природата и развојот на локалните заедници. Особено е интересно што програмата за престој на нејзиниот креативен колектив, „Ателје Џоли“ (Atelier Jolie), ќе започне токму во оваа земја во 2027 година. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Медокс“ (Maddox Foundation) и Центарот „Бофана“ (Bophana Center), основан од режисерот Рити Пан. Се чини дека Анџелина Џоли сè повеќе се оддалечува од холивудскиот начин на живот, свртувајќи се кон поинаква средина, креативна работа и места за кои ја врзуваат длабоки лични спомени.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
АвтомобилизамВидео: Автомобил што има мијалник со топла вода, какво чудо направиле Германците„Horch 930S“ од 1939 година е еден од најретките луксузни автомобили на светот. Има вграден мијалник со топла и ладна вода, седишта што се претвораат во кревет и V8 мотор.На прв поглед, изгледа како елегантен луксузен автомобил од 1939 година, но ова конкретно возило крие детал што би ги изненадил дури и денешните возачи. Станува збор за „Хорх 930S“ (Horch 930S) – автомобил опремен со вграден мијалник со топла и ладна проточна вода. Мијалникот се извлекува пред предниот браник, а топлата вода се обезбедува преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Да, да, добро прочитавте: автомобилот доаѓаше со вграден мијалник што можеше да се извлече пред предниот браник секогаш кога ќе се појави потреба. Особено интересно е решението за топла вода, која се загревала преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Ова им овозможувало на патниците во овој луксузен автомобил пристап до вода дури и за време на патувањето. Сепак, мијалникот е само еден од деталите што сведочат за големото внимание посветено на удобноста и практичноста. „Horch 930S“ имал врати што се отворале широко, без централен столб што би го попречувал влегувањето или излегувањето. Седиштата можеле да се спуштат за да се создаде простор за спиење, со што возилото станувало многу погодно за подолги патувања. Внатрешноста, исто така, привлекува посебно внимание. Контролната табла е изработена од полирано дрво и е збогатена со бројни хромирани детали, посебни тркалезни инструменти и часовник поставен во средината. Вратите имале хромирани рачки, додека панелите биле обложени со висококвалитетен текстил. Прозорците се отворале рачно, преку класичен механизам со рачка за вртење. Horch 930S поседуваше простран багажник, додека под хаубата се наоѓаше 3,8-литарски V8 мотор со моќност од приближно 92 коњски сили. Според денешните стандарди, ова можеби не изгледа импресивно, но мора да се земе предвид дека автомобилот потекнува од 1939 година – ера кога ваквите технички и луксузни карактеристики биле исклучително ретки. Токму поради овие причини, овој модел зазема посебно место во историјата на автомобилизмот. Произведени се само неколку примероци, што го прави Horch 930S еден од најретките луксузни автомобили од тоа време. И додека денешните производители се натпреваруваат во понудата на поголеми екрани, повеќе електронски системи и поудобни седишта, Horch – пред речиси 90 години – воведе концепт што и денес звучи неверојатно: автомобил опремен со сопствен мијалник и топла вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЛегендарниот Титаник имал близнак, но и неговата судбина е кобна!!„HMHS *Britannic“, третиот и последен брод од класата *Olympic* на компанијата „Вајт стар лајн“ (White Star Line), потонал на 21 ноември 1916 година во Егејското Море, во близина на островот Кеа, за време на Првата светска војна. Овој луксузен прекуокеански брод, кој бил пренаменет во болнички брод, се сметал за најбезбедното пловило од својата класа; сепак, една експлозија — речиси сигурно предизвикана од поморска мина поставена неколку дена претходно од германската подморница U-73 — го испратила на дното за 55 минути. Од 1.066 луѓе кои се наоѓале на бродот, 30 ги загубиле животите. До ден-денес, *Britannic* останува најголемиот потонат патнички брод во светот. Изградба и пренамена во болнички брод Бродот *Britannic* бил поринат на 26 февруари 1914 година во бродоградилиштето „Харланд и Волф“ (Harland & Wolff) во Белфаст, како сестрински брод на *Olympic* и *Titanic*. Бил долг приближно 269 метри и имал нешто поголем тонажен капацитет од Титаник. По трагедијата од 1912 година, биле воведени дополнителни безбедносни мерки, вклучувајќи зајакнати прегради, проширен систем на водонепропусни комори и значително поголем број чамци за спасување. Бродот никогаш не стапил во комерцијална употреба. Со избувнувањето на Првата светска војна во 1915 година, тој бил пренаменет во болнички брод — под ознаката HMHS *Britannic* — со бел труп, црвени крстови и зелена лента. Бил опремен со операциони сали и повеќе од илјада болнички кревети, а екипажот вклучувал и медицински персонал — меѓу кои била и Вајолет Џесоп, која преживеала и на Титаник, а подоцна и на *Britannic*. Во ноември 1916 година, бродот пловел кон Мудрос на островот Лемнос. На 21 ноември, околу 8:12 часот наутро, додека минувал низ каналот Кеа, одекнала силна експлозија на десната страна од прамците. Водата брзо навлегла во неколку предни оддели, предизвикувајќи бродот да се навали и незапирливо да тоне. Капетанот Чарлс Бартлет се обидел да го насука бродот на брегот, но не успеал. Евакуација и жртви Евакуацијата била многу поуспешна отколку на „Титаник“. Вкупно биле спуштени околу 35 чамци за спасување, повеќето од нив без поголеми проблеми. Најголемата трагедија се случила кога два чамца биле спуштени прерано, додека пропелерите сè уште работеле, поради што биле вовлечени и уништени. Во тие несреќи загинале 30 луѓе – што биле и единствените жртви при потонувањето. „Британик“ исчезнал под површината во 9:07 часот. Повеќето патници и членови на екипажот биле спасени благодарение на брзата реакција на бродовите во близина, како и на релативно топлото море за доцна есен. Остатоците од бродот биле откриени од Жак Кусто во 1975 година. Бродот лежи на својата десна страна, на длабочина од приближно 120 метри, и е исклучително добро зачуван. Денес, тој е заштитен со грчкиот закон, а пристапот е дозволен само за искусни технички нуркачи. Иако останува во сенката на „Титаник“, судбината на „Британик“ е подеднакво фасцинантна: бродот, кој никогаш не служел како патнички брод, го завршил својот век како симбол на воената трагедија, медицинската храброст и големите технолошки амбиции од почетокот на 20. век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33