3Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат
МакедонијаПешевска: Наместо сериозна и суштинска дебата, сведочевме на обид за евтин политички перформансДенес, на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жени, сведочевме на обид за евтин политички перформанс. Денес, на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жени - тема која бара одговорност, зрелост и фокус, сведочевме на обид за евтин политички перформанс. Иако дел од колешките од опозицијата ретко учествуваат во работата на ова тело, а често отсуствуваат кога се носат важни одлуки, денес се појавија со очигледна намера да создадат хаос и да ја пренасочат дебатата кон теми што носат лични политички поени. Во момент кога зборуваме за заштита на жени од насилство, прашање што допира до реални животи и судбини, ваквото однесување не е само несериозно, туку и длабоко неодговорно. Наместо придонес, добивме блокада. Наместо решенија, добивме театар. Барањата што се пласираа на седницата не беа во функција на подобрување на стратегијата, туку во функција на личен ПР. Ова не е тема за политички маркетинг. Ова е тема што бара работа, посветеност и континуитет, нешто што очигледно изостанува кај оние кои се појавуваат само кога има камери. Граѓаните очекуваат одговорни претставници, а не актери во дневно-политички претстави. Време е сериозните теми да престанат да бидат алатка за евтини поени и да станат она што навистина треба да бидат - приоритет за заштита и унапредување на животите на жените. Жените бараат заштита и заштитата е она што им го должиме, на секој јазик!, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика. На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните. Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај. Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат. Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите. Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаБожиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетикаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026, нагласувајќи дека знаењето, науката и иновациите се клучни за изградба на сигурен и одржлив енергетски систем. Во рамки на посетата, Божиновска оствари средба со деканот на факултетот, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу академската заедница и институциите. Министерката истакна дека енергетската ефикасност, обновливите извори и модернизацијата на инфраструктурата се неопходни за економската конкурентност и одржливиот развој на државата. Притоа, нагласи дека технолошкиот напредок мора да биде проследен со инвестиции во образованието и стручните кадри. „Младите не се само идните инженери, истражувачи и носители на одлуки. Тие се генерацијата што уште денес може да понуди нови перспективи и иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи Божиновска. Таа посочи дека студентските истражувања треба да најдат практична примена преку посилно поврзување на универзитетите, институциите и компаниите. „Инвестицијата во образованието, науката и младите стручни кадри е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура. На младите им требаат можности да ги тестираат своите идеи, да соработуваат со индустријата и да видат дека нивното знаење може да направи вистинска разлика“, порача министерката. Божиновска ги повика студентите и младите истражувачи да продолжат да развиваат иновативни решенија за поефикасно користење на енергијата, интеграција на обновливите извори и унапредување на конкурентноста на индустријата. Учеството на СКЕЕОР 2026 ја потврди важноста на соработката меѓу академската заедница, институциите и стопанството во создавањето нови знаења, развојот на стручните кадри и градењето одржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваатФилипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото. Почитувани, Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео. Почитувани, За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео. Почитувани граѓани, Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски. Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter