Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЖивотПеруанската претседателката Дина Болуарте под нова истрага за наводна тајна операција на носотДржавното обвинителство на Перу објави дека отвора прелиминарна истрага против претседателката Дина Болуарте за наводно незаконско напуштање на функцијата поради привремена неспособност за која не го известила Конгресот.Перуанските власти истражуваат дали претседателката привремено ја напуштила улогата на шеф на државата за да направи тајна операција на носот, пишува Блумберг. Додека владата ги отфрли обвинувањата, поранешниот премиер Алберто Отарола призна дека Болуарте била подложена на „ринопластика“ поради „респираторни проблеми“ во обраќањето до пратениците оваа недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИ овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела ВодаОпштина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со “Киноверзум”, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по што следуваат култни македонски филмови. Во сабота, на 19 септември, со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, синхронизиран на македонски јазик. Во 20:35 часот следува македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, која има две номинации за наградата Оскар, а во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција. Во недела, на 20 септември, од 19:00 часот на програмата е детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик. Веднаш потоа, во 20:25 часот ќе следи проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски филмови, кој е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште четири номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година. Ги покануваме сите граѓани овој викенд да присуствуваат и да уживаат во филмската програма во Општина Кисела Вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во ЛепенецПо преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, информираат од СВР Скопје. Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор. По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00