ЗдравјеПеру прогласи вонредна здравствена состојба поради Денга трескаПеру вчера прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата откако топлотниот бран и обилните дождови доведоа до пораст на случаите на Денга треска.Бројот на загинати од вирусот во оваа јужноамериканска земја годинава се зголеми на 32, изјави вчера министерот за здравство Цезар Васкез. Вкупниот број на случаи во првите осум недели од оваа година се зголеми на 31.300, рече Васкез. -Перуанската влада вчера го одобри предлогот за прогласување вонредна состојба, им соопшти Васкез на новинарите, неколку часа откако кажа дека избивањето на епидемијата на Денга е „неминовно“. „Има 20 региони, од 25, во кои ќе биде прогласена здравствена вонредна состојба поради Денга“, додаде тој. Со декларација се зголемуваат ресурсите за здравствени услуги во погодените области. Денгата, која главно се пренесува со каснување од заразени комарци, предизвикува симптоми како треска, гадење, повраќање, замор и болки во телото. Повеќето случаи забележани досега во Перу се на северот на земјата, каде болниците се веќе преполни. -Времето создаде совршена почва за комарците да се размножуваат побрзо и да станат почест пренесувач на болести, рече Васкез. Минатата година во Перу од денга треска починале 428 лица, а според официјалните податоци биле заразени 269.216 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца функционери од „ВРЕДИ“ спречени да влезат во албанија на ГП Ќафасан08:39Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
МакедонијаПронајдена дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда во општина АеродромПронајдена е разновидна дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Како што се вели во соопштението од МВР, акцијата била спроведена вчера од полициски службеници од единицата за Недозволена трговија при секторот за внатрешни работи Скопје, по претходно преземени оперативни мерки во напуштени подрумски простории во зграда во скопски Аеродром. При претресот се пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПаељаВо четврток (02.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Весна Гиновска Илкова.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. морски плодови (ракчиња) 200 гр. ориз 1 црвена пиперка 1 главица кромид 2 домати 1 чаша бело вино 3 - 4 чешниња лук малку магдонос масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо НагоричанеДенеска во Основниот суд во Куманово ќе започне судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, обвинет за неколку убиства во Старо Нагоричане.Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово. Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter