СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори
2СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори
КошаркаПеро Антиќ со над 1.000 поени во дрестот на Црвена звездаПоранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ се впиша во клупската историја на Црвена звезда како еден од играчите кој постигнал повеќе од 1.000 поени во црвено-белиот дресот.Со десетте поени на синоќешната средба против Валенсија во Евролигата, која Црвена звезда ја доби со 86-82, Антиќ стигна до бројката од вкупно 1001 поени во дресот на белградска екипа. Статистичарите од овој реномиран клуп, разбирливо ги пресметаа сите 150 поени кои Антиќ ги има постигнато сезонава (84 во Евролигата и 46 во АБА конкуренцијата), по неговото враќање во Белград, како и претходните поени кој искусниот кошаркар ги има постигнато про неговиот прв престој во редовите на Црвена Звезда од 2005 до 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“ - по три години привремени решенија.[📍] Денес, на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „ЛукОил“, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на целосна санација на сериозен дефект кој со години претставуваше проблем за жителите на Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани и Зелениково. [🫵] Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, настанато при градежни активности пред три години. Наместо трајно решение, дефектот досега бил саниран само привремено, поради што проблемот постојано се повторувал. [💧] Со денешниот зафат се врши целосна замена на оштетениот дел од цевката во должина од пет метри, со што конечно се обезбедува сигурно, квалитетно и долгорочно решение, пред изградбата на булеварот ,,Борис Трајковски”. [♥️] Им благодариме на граѓаните за трпението и разбирањето во текот на интервенцијата. [🫡] Посебна благодарност до екипите на ЈП „Водовод и канализација“, кои со максимална посветеност и ангажман работат овој тригодишен проблем уште денес да стане минато. [✔️] Решаваме темелно и трајно!- објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избориЛевица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста? СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава. Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората. Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните. Сè друго е театар. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. МеџитлијаГранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.Тагови: граната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter