3Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЗдравјеПеришиќ: „Човекот не може без месо, јајца и млеко, еве што им се случува на вегетаријанците“Познатиот гастроентеролог предупредува во врска со јадењето свинско месо!Проф. д-р Воислав Перишиќ тврди дека лицата кои не внесуваат доволно цинк преку одредени намирници од животинско потекло, имаат одредени здравствени тегоби кои најпрво се видливи на кожата, косата и ноктите. Еден од најзастапените преодни метали во Земјината кора, цинкот, често недостасува во човечкото тело. Гастроентерологот проф. д-р Воислав Перишиќ ја нагласува важноста на овој минерал за нашата кожа, менталниот статус и имунитетот. Недостатокот на цинк може да има сериозни здравствени последици, па затоа е важно да внимавате на внесувањето на овој минерал преку исхраната или суплементите. Д-р Перишиќ нагласува дека и витаминот Д е важен во одбраната од инфекции. Овој витамин игра клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем и може да помогне во спречувањето на разни болести. Посебно е важно во периодите кога е намалено изложувањето на сончева светлина, која е природен извор на витаминот Д. - Цинкот како додаток се зема пред јадење, 10 mg на ден. Тоа е приближно еднакво на едно јајце или 20 гр месо. Мнозинството вегетаријанци во Велика Британија, 40 проценти, имаат недостаток на цинк и витамин Д. Кожата е одраз на тоа дали внесуваме доволно цинк, па оние што го немаат доволно, немаат добра кожа, таа се лупи, косата се проретчува и паѓа, влакната се крути и кршливи. Затоа мораме да јадеме месо, јајца и да пиеме млеко - нагласува проф.д-р Перишиќ во една емисија. Недостатокот на цинк може значително да влијае на менталното здравје, што може да резултира со лошо расположение, слаба меморија и зголемена раздразливост. Гастроентерологот посочи една шведска студија која покажала дека пациентите со шизофренија имаат дури 50 отсто помалку цинк во мозокот, што довело до употреба на додатоци од цинк во нивниот третман. Исхраната игра клучна улога во компензирањето на недостатокот на цинк. Според гастроентерологот, консумирањето овошје наместо суплементи може да биде поефективно бидејќи природниот облик на цинк најдобро се апсорбира. Исто така, беше истакнато дека прекумерното внесување на цинк може да ја разбие цревната бариера, па затоа е важно користењето цинк да биде балансирано и прилагодено на индивидуалните потреби. Од месото, докторот најмногу го препорачува говедското, а не телешкото или јунешкото. - Ова месо е многу црвено, а тоа значи дека има многу железо, а каде што има железо има и цинк. Белиот дел е здрава маст, што значи дека има и витамин Д. Ако јадете свинско месо, јадете го делот од бутот, зашто содржи помалку маснотии, а ако јадете пршута, само исечете го црвениот дел и остатокот фрлете го, освен ако не е од мангулица (вид свиња), тогаш јадете го сето - заклучува проф. д-р Перишиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЖивотЗеленски на Маск му доделил украинскиот Орден на слободата Претседателот на Украина, Володимир Зеленски му го додели на американскиот милијардер и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, Украинскиот орден на слободата, кој беше објавен со претседателски декрет. Киев истовремено бара согласност од Маск за користење на Starlink на беспилотни летала што работат во Русија. Зеленски ги наведе „придонесите на Маск во заштитата на човечкиот живот и слободата и развојот на односите меѓу народите на Украина и САД“ како причина за доделувањето на наградата. Наградата доаѓа во време кога Украина се стреми да ја прошири употребата на беспилотни летала опремени со Starlink против руските лансери за балистички ракети. Киев се надева дека технологијата би можела да помогне во нарушувањето на способноста на Русија да напаѓа украински градови. Според Зеленски, поширокиот пристап до „Старлинк“ (Starlink) за Украина би можел да ги намали „токму оние способности на кои Русија се потпира за да ја одолговлекува војната“. Маск и понатаму се воздржува од дозволување терминалите на „Старлинк“ да функционираат над руска територија. Лице запознаено со ситуацијата изјави за порталот „Киев индепендент“ (Kyiv Independent) дека Маск смета оти тоа би претставувало „ескалација“ на војната. „Старлинк“ овозможува брза комуникација меѓу украинските борбени позиции и командните пунктови. Кога системот се користи на беспилотни летала, тој може да обезбеди врска што тешко се попречува и не е ограничена од можностите на традиционалните радио-антени. Украинските сили сè почесто користат беспилотни летала опремени со „Старлинк“ над териториите окупирани од Русија, особено на растојанија од 50 до 200 километри од линијата на фронтот. Со овие летала, тие ги напаѓаат руските логистички правци во областите каде што Киев ја интензивираше својата офанзивна кампања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаОпштина Аеродром отстранува хаварисани возила од јавните површиниОпштина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место - депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и простор што треба да им биде достапен на граѓаните. Инспекторатот продолжува со спроведување постапка за отпадни, хаварисани и возила што се нерегистрирани повеќе од три години. По завршувањето на соодветните постапки, ќе следува нивно отстранување од јавните површини, како и соодветни санкции согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Одлуката за комунален ред на Општина Аеродром. Истото важи и за камп-приколките и чамците оставени на јавни паркинзи и на други јавни површини. Јавниот простор не смее да биде долгорочно зафатен со предмети и возила што не се во функција. Целта е јасна – повеќе слободни паркинг-места, поголема безбедност, подобар комунален ред и почист и поуреден Аеродром. Апелираме до сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните, отпадните и возилата што подолг период не се регистрирани, како и камп-приколките и чамците. Како Општина ќе продолжиме со засилени контроли и постапување на целата територија на Аеродром. Јавниот простор е на граѓаните и мора да биде достапен за сите. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапиЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра.Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава долгот е зголемен за дополнителни 17,5 милиони евра. Се работи се пари кои што им се должат на компании, граѓански организации, јавни институции и други субјекти, од кои само обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор достигнале над 315 милиони евра, што значи дека државата доцни со плаќања кон оние кои секојдневно ја одржуваат економијата во живот. Граѓаните имаат право да знаат зошто државата бара од нив редовно да ги плаќаат своите обврски, додека самата држава создава милионски долгови кон приватниот сектор и институциите. Истовремено, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за секојдневното живеење, поскапи услуги и повисоки банкарски трошоци. Додека семејствата внимаваат на секој потрошен денар, државата дозволува да се наталожат стотици милиони евра неплатени обврски, а граѓаните дополнително плаќаат провизии и административни трошоци за да располагаат со сопствените пари. Не може да зборуваме за здрава економија ако државата доцни со плаќањата, јавните претпријатија создаваат огромни долгови, а трошокот за неефикасноста на системот на крајот го плаќаат граѓаните. Бараме Владата и Министерството за финансии јавно да објаснат кои се причините за растот на доспеаните и неплатени обврски и кога и како ќе бидат намирени обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор? Кои мерки планираат да ги преземат за да се спречи понатамошно задолжување на државните компании и како ќе обезбедат финансиска дисциплина во државните и локалните институции; ЛДП смета дека со јавните пари мора да се управува одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не за одржување на неефикасен систем на државни компании и институции. Државата не смее да биде најголем должник, додека граѓанинот е најредовен плаќач. На граѓаните им треба економија во која државата ги плаќа своите сметки навреме, банките не ги оптоваруваат со непотребни провизии, а институциите работат ефикасно и одговорно. Тоа е суштината на либерално-демократската политика - помалку непотребни трошоци, повеќе одговорност и повеќе пари во рацете на граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook