Перински во скопско Кучково: Центар за рехабилитација за младите херои излекувани од канцер - Канал 5

Перински во скопско Кучково: Центар за рехабилитација за младите херои излекувани од канцер

Во некогашното основно училиште во скопско Кучково повторно ќе се слуша детски џагор, но не од ученици, туку од деца кои се излекувани од канцер.

Перински во скопско Кучково: Центар за рехабилитација за младите херои излекувани од канцер

Денеска и официјално беше промовиран проектот „Приказната продолжува“ за изградба на Регионален центар за рехабилитација и ресоцијализација на деца излекувани од малигни заболувања, преку реновирање и адаптација на старото основно училиште во Кучково. Објектот наскоро ќе ги отвори вратите за престој на младите борци, благодарение на Министерството за локална самоуправа, финансиската поддршка на Владата на Швајцарија и учеството на Општина Ѓорче Петров, како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и в.д. директорката на Центарот за развој на Скопски плански регион, Розета Арсовска, го посетија Центарот во кој во завршна фаза е уредување на просториите и хортикултурното уредување на дворот.

Објектот на површина од 650 м² има капацитет за престој на 20 деца со придружба на еден родител во комплетно опремени простории и училници за он-лајн образование, за физикални вежби, соба за психо-социјални работилници, а има и соби за игра и „мирна соба“ за рехабилитација.

„Овој Центар ќе значи многу надеж, нови можности, нови перспективи за сите оние мали херои коишто се избориле со канцер. Проектот беше инспириран од сите нив поради потребата од помош во периодот на лекување и потоа, а целта е да им дадеме максимум психосоцијална поддршка во процесот на нивната ресоцијализација и повторна интеграција во општеството, по долгиот престој во болничките установи“, истакна градоначалникот Стојкоски кој се заблагодари на сите чинители во реализацијата на проектот.

„Не станува збор само за обичен објект и едно старо училиште, станува збор за еден паметник кој во иднина ќе нѐ потсети дека доколку нешто вистински се сака, се може и дека само зачувана историја е наша лична карта, а влогот во образованието и воспитанието на децата е патот кој води кон вистински систем на човекови вредности“, порача Марија Вук, претседател на НВО САНО, дел од иницијаторите на проектот.

Ова е еден од десетте проекти кои Министертството за локална самоуправа ги реализира со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, а чија вкупна вредност е 23.574.074,00 денари, од кои 8.435.000,00 денари се обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка, 10.380.998,00 денари од страна на Министерството, а Општина Ѓорче Петров учествува со 4.758.076,00 денари.

„Ова е наш мал придонес во насока на поддршка за младите борци и искрено се надевам дека во иднина во овој објект ќе се видат многу насмевки, а децата ќе се ресоцијализираат и навистина ќе го градат патот и секој нов ден во насока на подобра иднина за сите нив. Се надевам дека како Министерство, а убеден сум дека и како Влада, ќе можеме да бидеме сведоци на реализација на многу вакви проекти кои ќе донесат подобро утре за сите граѓани“, порача министерот Перински.

Реконструкцијата и адаптацијата на некогашното училиште произлезе и како едно од барањата на граѓаните преку Регионалните форуми на заедниците, организирани од Центарот за развој на Скопски плански регион (ЦРСПР).

„Горди сме на проектот кој произлезе од регионалните форуми организирани од нашиот центар кој на децата ќе им овозможи здравствена, социјална заштита и рехабилитација, како и едукација и ќе им помогне повторно вклучување во образовниот систем на еднакви основи со нивните соученици“, изјави в.д. директорката на ЦРСПР, Арсовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер