Перински во работна посета на Делчево и Берово – фокус на туризмот и рамномерниот регионален развој - Канал 5

Перински во работна посета на Делчево и Берово – фокус на туризмот и рамномерниот регионален развој

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари работни посети на општините Делчево и Берово.

Перински во работна посета на Делчево и Берово – фокус на туризмот и рамномерниот регионален развој

Министерот средбите со градоначалниците Ружински и Гоцевски и членовите на Советите ги искористи за дискусија за прашањата од значење за локалниот развој, за можностите кои им се ставени на располагање преку Ресурсниот центар, како и за процесот на ажурирањето на базите на даночни обврзници кој директно ќе придонесе кон зајакнување на самоодржливоста на општините.

Во фокусот на разговорите беше и информацијата дека од минатата недела се активни двата јавни повика наменети за проекти што ќе придонесат за рамномерен регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се обезбедени вкупно 223.423.000 денари.

„Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој стојат на располагање на општините за споделување на дополнителни информации и поддршка во процесот на аплицирање со предлог проекти“ потенцираше министерот Перински.

Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

„Во рамки на проектот, Општина Берово ќе ја реконструира 22- километарската оф-роуд велосипедска патека околу Беровско Езеро, а ќе се изгради и современ вело-хаб со сервисни и санитарни содржини. Овие инвестиции директно ќе придонесат за зголемување на бројот на посетители, продолжување на туристичката сезона и поттикнување на локалната економија“ нагласи градоначалникот Ружински.

Вредноста на проектот за Берово изнесува 117.736 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Во Делчево беше извршен увид на проектот од областа на туризмот „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград–Делчево“, кој се спроведува во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“.

„Во моментов во Делчево интензивно се работи на изградба на скејт-паркот-катче за младите за рекреација и забава и уште една понуда спакувана во туристичката приказна на Делчево. Истовремено течат градежните работи за изградба на кејот на река Брегалница возводно во должина од 300 метри со што директно се влијае во заштитата од опасноста од поплави, а коритото на реката ќе се уреди со што ќе се промени сликата во централното градско подрачје и ќе прерасне во убаво место за рекреација“ изјави градоначалникот Гоцевски.

Вредноста на проектот за Делчево изнесува 347.636 евра, од кои 15% се обезбедени како кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Министерот изрази задоволство од динамиката на работа на градоначалниците, посочувајќи дека локални раководства покажуваат сериозна посветеност во справувањето со тековните предизвици, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер