Перински во официјална посета на Естонија - Канал 5

Перински во официјална посета на Естонија

Размена на искуства за национална развојна стратегија и дигитализација.

Перински во официјална посета на Естонија

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и претставници на УНДП, се во официјална посета на Естонија со цел размена на искуства и добри практики поврзани со мониторинг и имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024 – 2044, која претставува клучен стратешки документ за нашата држава.

Во рамките на посетата која е поддржана од УНДП како стратешки партнер, делегацијата оствари низа значајни средби со клучни институции кои имаат водечка улога во стратешкото планирање и развојот на Естонија, со фокус на мониторинг системот на стратешки документи. Делегацијата оствари разговори со претставници на Центарот за стратешко предвидување, водечки тинк-тенк кој ги проучува долгорочните трендови и им помага на институциите во донесување на стратешки одлуки. Значајна средба, делегацијата одржа и со претставници од естонскиот Центар за меѓународна развојна соработка, на која, меѓу другото, се дискутираше и за различните модели на структурирање на странска помош и регионален развој во согласност со европските стандарди и практики. Една од клучните точки на посетата беше и средбата со државниот секретар Кеит Касеметс, на која се разгледуваше стратегијата „Естонија 2035“, која ја дефинира визијата и стратешките цели за развој на земјата во наредните петнаесет години и се заснова на инклузивен процес на учество на широк спектар на чинители.

„Посетата на Естонија беше фокусирана на размена на искуства и добри практики за мониторинг и имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024 – 2044, најважниот стратешки документ за нашата држава. Посебен акцент беше ставен на стратешко планирање, регионален развој и дигитализација – клучни приоритети за нас како Влада и како држава, а Естонија е еден од водечките европски примери во тие области. Посебен фокус за нас како ресор е дигитализацијата на општинските услуги и зајакнувањето на капацитетите на општините. Овие средби ги користиме и како можност да преземеме знаења и практики кои ќе ни помогнат да бидеме значително поефикасни и како институции и како држава“, истакна министерот Перински, кој оцени дека посетата на Естонија е одлична можност да се согледаат најдобрите практики чија имплементација значително би помогнала за подобрување и унапредување на институционалните процеси и зголемување на ефикасноста на јавните услуги што им се обезбедуваат на граѓаните. Целта е, порача Перински, да се креираат јасни национални мониторинг системи и посилни и посовремени општини кои ќе одговорат на предизвиците на иднината.

Министерот Перински нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат Естонија и Северна Македонија во однос на рамномерен регионален развој и системска поставеност се слични во одредена мера, што отвора простор за понатамошна соработка и споделување на искуства со цел унапредување на регионалната политика и ефективноста на локалната самоуправа.

Посетата на Естонија дополнително ја потврди посветеноста на нашата Влада кон стратешкиот развој, развиени мониторинг системи, дигиталната трансформација и зголемувањето на капацитетите на општините како дел од националните приоритети за иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер