МакедонијаПерински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓанитеМинистерството за локална самоуправа продолжува со успешното спроведување на ИПА програмите за прекугранична соработка, кои значајно придонесуваат за развојот на локалните заедници во повеќе области. Во рамките на овие програми, во тек е успешната реализација на проектот „Паркови“, со соседна Бугарија, кој има за цел подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во Крива Паланка и бугарската Општина Дупница преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини. Во рамките на проектот, во близина на градскиот зелен пазар во Крива Паланка се уредува површина од 2000 метри квадратни, која ќе вклучува шест зелени острови, детски игралишта и други содржини за зајакнување на еколошката свест и подобрување на квалитетот на животната средина. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска заедно со градоначалникот Сашко Митовски, извршија увид на градежните работи на паркот и оценија дека проектот се реализира со предвидената динамика, при што ја истакнаа важноста на регионалната соработка преку ИПА програмите, кои имаат директен позитивен ефект на животните услови на граѓаните и за развојот на поодржливи и еколошки свесни заедници. Во рамки на „Паркови“ освен хортикултурните содржини, ќе се изработи и зелен катастар, поставени се и сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Крива Паланка, а ќе се организираат и „Зелени денови во регионот“ за размена на искуства и обука за локалното население од двете општини во насока на зајакнување на еколошката свест. „Концептот на „зелена инфраструктура“ е релативно нов и затоа посветуваме особено внимание на неговото промовирање и вложуваме во решенија кои подоцна може да се реплицираат“, посочи Перински, кој при денешната посета на Крива Паланка, одржа и работна средба со градоначалникот Митовски и членовите на Општинскиот совет, како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“. На средбата, разговараа за тековните проекти на општината и за реформскиот процес на Законот за локална самоуправа кој ќе донесе значајни придобивки за општините и за граѓаните. Министерот ја нагласи и поддршката на Владата за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата во општините, а како пример за тоа, беше спомнат проектот за поставување монтажна катна гаража во Крива Паланка, која ќе го реши проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. На вториот владин повик, Општина Крива Паланка поднесе пет апликации во насока на подобрување на инфраструктурата. Министерот Перински истакна дека Владата продолжува со поддршката на сите општини со цел подобрување на инфраструктурата што ќе создаде услови за подобар квалитет на живот за сите граѓани и развој на локалните заедници.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook