МакедонијаПерински во Делчево: Не запира поддршката за сите општиниГрадиме цврсти темели за подобар живот на секој граѓанин, вели Перински.Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска беше дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствуваше на одбележувањето на 149 години од Разловечкото востание, важен историски момент кој ја потврдува борбата за слобода и непокорот на македонскиот народ. На свечениот настан, кој се одржа во делчевското село Разловци, беше истакната важноста на македонското минато, но и обврската да продолжиме да се развиваме и напредуваме како општество. Денешната посета на Делчево, министерот Перински и премиерот Мицкоски, ја искористија да извршат и увид на градежните активности на два од четирите проекти што се реализираат во Делчево, одобрени на првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Беа во населбата Ново Делчево, каде во тек е реконструкција на повеќе улици со вкупна должина од речиси 2 км, а извршија увид и на изградбата на дел од регулација на река Габровчица во должина од 700 метри. „Овие проекти се доказ дека ветувањата на Владата се реалност, тие веќе го гледаат светлото на денот. Како Влада, почнавме отворено, транспарентно. Граѓаните и градоначалниците ја препознаваат нашата помош, нашиот партнерски однос кон нив. Политикантството и политичките игри ги оставаме да ги користи нашиот политички опонент, а ние ќе продолжиме да проектираме, да реализираме проекти коишто соодветствуваат на потребите на граѓаните. Така почнавме, верувајте ми, така и ќе продолжиме“, истакна министерот Перински кој потсети дека Општината на првиот владин повик доби 37 милиони денари за четири одобрени проекти, а се очекува да добие околу 115 милиони денари директна финансиска помош за 10 проекти, колку што поднесе на вториот јавен повик. „За паралела, годишниот буџет на Општината наменет за капитални инвестиции изнесува од 15 до 20 милиони денари и ова го кажувам за да потенцирам колкава е важноста на помошта која Владата ја дава на сите локални самоуправи без исклучок, независно од политичката припадност на градоначалникот“, додаде министерот. Премиерот Мицкоски изрази задоволство што и во Делчево непречено се одвиваат градежните активности за реализација на проектите од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. „Ова се проекти за граѓаните, не се проекти ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку за делчевчани. И тоа е нашиот мотив, тоа е нашата инспирација“, истакна Мицкоски. Министерот и премиерот ја посетија и фабриката „Игма Текс“, која претставува успешен пример на локално претприемништво во текстилната индустрија. Фабриката со над 100 вработени е значаен економски двигател за локалната економија и пример за тоа како поддршката на малите и средни претпријатија може да доведе до нови работни места и развој на локалната економија.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16