МакедонијаПерински: Спроведени процеси од исклучителна стратешка важност што ја менуваат реалноста на локалната самоуправаДенеска се одржа седмата по ред Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“.Денеска се одржа седмата по ред Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“, која веќе традиционално ги обединува сите засегнати страни секоја година, служејќи како платформа посветена на постојано подобрување на процесот на децентрализација. Оваа година е од особено значење, бидејќи конференцијата се одржува во присуство на неодамна избраните градоначалници, кои носат нова енергија, визија и очекувања за унапредување на локалниот развој. „Нескромно сакам да кажам дека резултатите на локалните избори се потврда на Владината политика за силна поддршка на општините што ја започнавме уште на почетокот на владиниот мандат. Ако направиме ретроспектива на изминатиот период, јасно е дека зад нас стојат процеси од исклучителна стратешка важност, процеси што ја менуваат реалноста во областа на локалната самоуправа и создаваат основа за долгорочен развој.“ истакна Перински. На настанот еден од говорниците беше и Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој во своето обраќање ја истакна важноста од забрзување на дигиталните процеси. „Кога зборуваме за децентрализација, не зборуваме само за пренос на надлежности и ресурси. Зборуваме за тоа како на граѓаните да им обезбедиме брза, едноставна и предвидлива услуга, без разлика дали живеат во Центар на Скопје или во најмала рурална општина.“ изјави Андоновки. Во изминатите години, Владите на Швајцарија и Шведска претставуваат најзначајните партнери и поддржувачи на процесите на децентрализација и одржлив локален развој. Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер во воведното излагање истакна дека „Локалните самоуправи, бидејќи се најблиску до луѓето, се во најдобра позиција да ги прилагодат јавните услуги за да ги задоволат потребите на заедницата, поефикасно да ги распределат ресурсите, да го поттикнат локалниот приватен сектор и да поттикнат активно граѓанско учество. Децентрализацијата е во срцето на швајцарскиот политички систем и, имајќи го предвид нашето искуство, соработуваме со Северна Македонија во рамките на нашата програма за соработка, за понатамошно подобрување на децентрализираното управување.“ Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, ја истакна важноста на пренесените надлежности на општинско ниво да бидат проследени со соодветно финансирање и технички капацитет. Тој се осврна на шведската техничка поддршка преку која општините успеаа да мобилизираат речиси 15 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата. Воедно, изрази надеж дека со напорите на Министерството за локална самоуправа да ги институционализира алатките со кои се постигнаа овие резултати ова ќе биде само мал дел од целосниот потенцијал на проектот. Конференцијата е организирана од страна на Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и поддржана од Швајцарската Влада. „Нашата посветеност на локалната самоуправа е очигледна во опипливите резултати кои произлегуваат од проектите кои ги имплементираме со сите општини во земјата, во текот на повеќе од 20 години, благодарение на нашите донатори како Швајцарија и Шведска и соработката со Министерството за локална самоуправа.“ изјави Ана Чернишова, заменичка на Постојаниот претставник на УНДП. Презентација на тема „Ретроспектива на тековните ангажмани и планот за иднината на локалната самоуправа“ имаше државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Јулијана Павковска Боцевска, која истакна дека „Во изминатата година покажавме силна волја и посветеност за реализација на клучни промени во насока на унапредување на локалниот развој. Побаравме применливи меѓународни практики кои веќе ги имплементираме. Низ широк инклузивен процес, со вклученост на сите засегнати страни, сите активности на министерството ги димензиониравме како одговор на потребите и барањата на граѓаните.“ Преку две панел сесии и четири презентации се отвори дискусија на суштински теми - видици за унапредена децентрализација и локално управување и надградба на локалниот развој преку иновативни и квалитетни услуги за граѓаните, годишниот извештај за финансирањето на општините за 2024 година, истражување за задоволството на граѓаните од локалните услуги за 2025 година и платформата за интероперабилност – со учество на градоначалници, општински советници, претставници на администрацијата, експерти и практичари, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЖивотВидео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?Владата на САД објави нови снимки од неидентификувани воздушни појави, забележани од американските воени сили на Блискиот Исток. Ова претставува осма серија документи поврзани со НЛО што Пентагон ги објави оваа година. Најновата објава содржи 43 документи и снимки, вклучувајќи три видеа забележани во 2020, 2023 и 2026 година. Сите три снимки се направени од американски воени летала или други воени платформи на Блискиот Исток. EXCLUSIVE: Never-before-seen Pentagon video shows a tiny object glowing white hot on infrared flying across a warship in the Middle East. Trump releases the UFO files today. Full story👇 https://t.co/Ndb8brRFBY — Ross Ibbetson (@IbbetsonRoss) November 20, 2026 Снимките се направени со помош на воени камери и сензори способни да детектираат објекти врз основа на топлинско зрачење. Пентагон ги класифицира овие случаи како нерешени примери на неидентификувани аномални појави, познати под акронимот UAP. Видеото од 2020 година трае 20 секунди, снимката од 2023 година трае 13 секунди, а онаа од 2026 година трае 54 секунди. Материјалите ѝ биле доставени на американската канцеларија за истражување на неидентификувани феномени од страна на Централната команда на САД. Американските власти сè уште немаат утврдено што точно се гледа на објавените снимки. Нивното објавување не значи дека Пентагон го потврдил постоењето на вонземски летала или каков било вид вонземска технологија. EXCLUSIVE: Never-before-seen Pentagon video shows a tiny object glowing white hot on infrared flying across a warship in the Middle East. Trump releases the UFO files today. Full story👇 https://t.co/Ndb8brRFBY — Ross Ibbetson (@IbbetsonRoss) November 20, 2026 Американската војска го користи терминот „UAP“ за појави што не можат веднаш да се идентификуваат врз основа на достапните податоци. Ова не значи дека станува збор за вонземски летала; туку, тоа значи дека нивното потекло сè уште не е утврдено. Некои од овие појави подоцна можат да се објаснат како летала, беспилотни летала, балони, атмосферски појави или грешки во сензорите. Во други случаи, нема доволно податоци за сигурно да се утврди причината. Американските власти продолжуваат со постепено отворање на своите архиви кои се однесуваат на неидентификувани појави. Според Пентагон, се подготвуваат нови групи документи за јавно објавување, кои чекаат процес на проверка и отстранување на нивниот доверлив статус.Тагови: НЛО Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЕвропаКалас повикува на прекин на војната; Русија вели дека не сака да преговара со неа!Русија изјави дека учеството на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во преговорите за ставање крај на војната во Украина би можело да доведе до нивен колапс. Москва се противи на нејзиното вклучување во разговорите и ја доведува во прашање нејзината способност да придонесе кон мировниот процес. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Калас е неприфатлива за Москва како преговарач. Таа ја обвини поранешната естонска премиерка дека е непријателски настроена кон Русија и дека ги отфрла нејзините безбедносни барања. „Ако некому во Брисел му е важен таков преговарач со Русија, тоа јасно ни покажува какви резултати сакаат да постигнат во дијалогот – а тоа е поткопување на какви било мировни иницијативи“, рече Захарова на прес-конференција во Москва. Захарова додаде дека Калас би ја извршила оваа задача „со леснотија“. Со ова, таа јасно стави до знаење дека Москва не сака да преговара со актуелната висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика. Овие руски изјави доаѓаат во момент кога европските влади се обидуваат да обезбедат официјална улога во мировните преговори меѓу Украина и Русија, кои се одвиваат со американско посредување. Европските лидери инсистираат на тоа дека мора да учествуваат во одлуките што се однесуваат на безбедноста на континентот. Досега, Европа не беше директно вклучена во преговорите организирани од Вашингтон. Постигнат е договор дека, во следната рунда, Европа би можела да биде претставена од Франција, Германија, Италија, Полска, Обединетото Кралство и институциите на Европската унија. Калас претходно изјави дека Русија нема право да одлучува кој ќе ја претставува Европската унија. Таа нагласи дека не настапува во лично својство, туку како претставник на сите 27 земји-членки – без оглед на противењето на Москва кон нејзиното учество. Москва ја обвинува Калас за непријателски став Захарова ја обвини Калас дека зазема „отворено русофобичен став“ и дека ги игнорира безбедносните интереси на Русија. Таа тврди дека шефицата на надворешната политика на ЕУ се обидува да го блокира секој договор што би ги зел предвид барањата на Москва. Руската портпаролка изјави дека Москва е подготвена да соработува со европски претставници кои можат конструктивно да придонесат кон преговорите. Сепак, таа смета дека Калас не го исполнува овој критериум, имајќи ги предвид нејзините претходни изјави и политички ставови. Калас беше премиерка на Естонија пред да ја преземе европската функција. Таа стана Висок претставник на ЕУ за надворешни работи во декември 2024 година, а оттогаш се залага за построги санкции против Русија и за продолжување на воената помош за Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter