ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
2ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
МакедонијаПерински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општиниНа средбата се разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт.Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Вевчани, каде одржа средба со градоначалникот Спасе Кочовски, како и со членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт. Посебен акцент беше ставен на потребата од унапредување на законската рамка за меѓуопштинска соработка, при што беше нагласено значењето на здружувањето на општините, особено на помалите, кои се соочуваат со ограничени административни и финансиски капацитети. „Нашата цел во периодот што следи е да создадеме функционална законска рамка која ќе ја олесни и поттикне меѓуопштинската соработка, но и да обезбедиме конкретна институционална и експертска поддршка преку Ресурсниот центар. Само преку заеднички пристап и координација можеме да обезбедиме одржлив локален развој и вистински резултати за граѓаните“, истакна Перински. Во рамки на двата јавни повика за капитална инфраструктура, за Општина Вевчани се одобрени вкупно 9 проекти во вредност од 25.869.953 денари. “Во рамки на програмите на Министерството за локална самоуправа за 2025 година, во општина Вевчани успешно се реализираа три проекти со вкупна вредност од 1.728.509,00 денари, насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на објектот на детската градинка преку поставување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија, јакнење на општинските капацитети и капацитетите на комуналното претпријатие преку набавка на потребна опрема. Овие инвестиции директно придонесуваат за подобри комунални услуги, поголема ефикасност на општинските служби и поголема заштита на животната средина“, истакна Кочовски. Министерството за локална самоуправа ќе продолжи со истата динамика и посветеност, со фокус на одржливи решенија, зајакнување на локалните капацитети и намалување на регионалните разлики, со крајна цел – подобар животен стандард и задржување на граѓаните во своите општини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општествотоПретседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-СандевоСѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook