Перински: Две години се поставуваат темелите за развиени општини и одржлив регионален развој - Канал 5

Перински: Две години се поставуваат темелите за развиени општини и одржлив регионален развој

Прес-конференција на министерот за локална самоуправа, Перински.

Перински: Две години се поставуваат темелите за развиени општини и одржлив регионален развој

Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството.

„Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што најголем дел од нашите политики се реализираат преку општините, планските региони и програмите за поддршка. Граѓаните ги гледаат новите улици, водоводи, училишта и градинки, но многу поретко се гледаат механизмите и политиките кои овозможуваат тие проекти да се реализираат“, истакна Перински.

Како најголем резултат во изминатиот период, Перински го посочи инвестицискиот циклус за поддршка на општините, преку кој во рамки на двата јавни повици се одобрени вкупно 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари.

„Ова е најголемиот инвестициски циклус за општините во поновата историја на Македонија. Тоа не се само бројки, туку нови улици, водоводи, канализации, реконструирани училишта и градинки, енергетски ефикасни јавни објекти и подобри услови за живот во сите општини“, нагласи министерот.

Во делот на институционалната поддршка, Перински потсети дека за првпат е воспоставен Ресурсен центар за поддршка на општините, преку кој е формирана база на експерти, изработени се практични прирачници за локалната администрација, спроведена е сеопфатна проценка на потребите на сите општини и изработени се профили за секоја општина во државата.

Посебен акцент изминатиот период беше ставен и на процесот за ажурирање на базите на даночни обврзници во сите општини.

„Ова можеби не е најпопуларната мерка, но е една од најважните мерки за финсиската стабилност на општините, затоа што суштинското прашање не е колку средства ќе обезбеди државата за општините оваа година, туку колку општините ќе можат самостојно да генерираат приходи во годините што следат.“, истакна Перински.

Во делот на законските реформи, министерот посочи дека по повеќе од две децении е подготвена најобемната реформа на Законот за локалната самоуправа, со која се унапредуваат локалната демократија, транспарентноста, дигитализацијата, учеството на граѓаните, инспекциските механизми и урбанистичкото планирање.

Паралелно се работи и на реформа на Законот за меѓуопштинска соработка, со цел поефикасно користење на ресурсите и подобро обезбедување услуги за граѓаните.

Во областа на регионалниот развој, изменет е Законот за рамномерен регионален развој, спроведена е тековна оценка на Стратегијата за регионален развој 2021–2031 и подготвени се измени и дополнувања кои беа усвоени од Собранието.

Дополнително, во периодот 2024–2026 година преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и Програмата за рамномерен регионален развој се поддржани 185 проекти во вредност од над 489 милиони денари.

Во делот на европските фондови и прекуграничната соработка, Перински информираше дека активно се спроведуваат пет ИПА III програми за прекугранична соработка со соседните држави.

Во моментов се имплементираат 39 проекти во рамки на програмите со Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија, со вкупна вредност од 21.340.097 евра за македонските корисници, додека во наредниот период се очекува потпишување договори за уште 23 проекти во рамки на програмите со Република Бугарија, Република Косово и Република Србија, со вредност од околу 6 милиони евра.

„Најважното што го направивме во изминатите две години не се само бројките. Најважното е што го променивме пристапот – од модел во кој се реагираше на проблемите, кон модел кој создава услови тие проблеми да не се повторуваат. Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени. Македонија чекори напред со јасна определба – да не ги менаџираме последиците, туку да ги решаваме причините“, порача Перински.

Тој додаде дека резултатите од изминатиот период претставуваат цврста основа за силни и финансиски стабилни општини, одржлив регионален развој и поквалитетни услуги за граѓаните во сите делови на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи.

Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим.

Соработка Берлин-Рим

Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство.

Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин.

Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Фолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти.

Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност.

Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој.

На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер