Перински: ДУИ и СДСМ да ги надминат суетите и да ги поддржат измените на Законот за локална самоуправа - Канал 5

Перински: ДУИ и СДСМ да ги надминат суетите и да ги поддржат измените на Законот за локална самоуправа

Она што беше основна задача на Министерството ја завршивме, дадовме се од себе преку транспарентен и инклузивен процес во рамки на осуммесечен период да ги вклучиме сите засегнати страни.

Перински: ДУИ  и СДСМ да ги надминат суетите и да ги поддржат измените на Законот за локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска повторно упати апел до опозицијата да ги поддржи предложените измените и дополнувања на Законот за локална самоуправа, што го поминаа и второто собраниско читање, а за кои е потребно Бадентерово мнозинство.

Во отчет за сработеното во првата година од мандатот, Перински наброја дека е финализиран текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа во согласност со европските стандарди и Извештајот на Венецијанската комисија од 2019 година, осообено во делот на локална демократија преку можноста за отповикување градоначалник.

- Она што беше основна задача на Министерството ја завршивме, дадовме се од себе преку транспарентен и инклузивен процес во рамки на осуммесечен период да ги вклучиме сите засегнати страни. Генерално измените кои ги детерминаравме се однесуваат на зголемените демократски процеси во рамки на реализирање на локалните политики. Во моментов, законот е во собраниска процедура, го поминавме во второ читање и во рамки на собраниска седница. Уште еднаш упатувам апел до опозицијата предводена од ДУИ и СДСМ да ги надминат своите суети и да го поддржат ова законско решение, бидејќи навистина и на граѓаните и на градоначалниците ќе им ги отвори повеќе вратите за пристапност во делот на комуникација со граѓаните, гласачите и ќе го даде механизмот за референдумско отповикување на градоначалник што сметам дека е насушно потребно, рече Перински, на новинарско прашање.

Прашан за коментар на можностите за коалицирање за да се обезбеди Бадентерово мнозинство за гласање за законот или за предвремени парламентарни избори исто така за поголемо мнозинство за да се гласаат такви закони, истакна дека коалицијата е стабилна, функционира без никакви поголеми проблеми. Не очекува никакви потреси до локалните избори истакувајќи дека токму изборите даваат или земаат легитимитет.

- Секако во рамки на таа коалиција има политички субјекти кои се борат за своја визибилност и застепеност и во рамки на Парламентот, но и во рамки на локалните избори. Не очекувам дека до локалните избори би имале некаков потрес. Во суштина и сега поминуваат двотретински закони. Да, законот за локална самоуправа можеби е најсензитивен во делот на обезбедување на големиот Бадентер но јас не можам да ја сватам пораката на опозицијата која не ги прифаќа предложените измени без притоа да чуеме еден аргумент зошто е тоа така. И во таа насока беше и мојот апел да се надмине тоа политичко его и суета би рекол, за ова предлог законско решение го види светлото на денот. Навистина не очекувам некакви поголеми потреси, но на крајот на денот изборите се оние кои го даваат или земааат легитимитетот. Ќе видиме какви ќе бидат изборните циклуси, времето ќе покаже, сега засега коалицијата е стабилна, рече Перински.

Перински во отчетот рече дека изминатата година се почнати реални вложувања во инфраструктурата на општините и е поставена рамката за стратешки и рамномерен развој на државата. Наведе дека преку Потпрограмата АА за инфраструктурни општински проекти општините аплицирале со околу 1200 проекти, а вкупната ивестиција е 20 милјади денари, што нагласи дека претставува досега најголема распределна на јавни средства за поддршка на локалниот развој.

Во рамки на првиот повик се одобрени 288 проекти од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот,.. а на вториот кој заврши на 30 април, пристигнаа 887 апликации од 80 општини за кои заврши фазата на евалуација.

- Овој исклучитено голем одѕив претставува јасен показател за високата заинтересираност на општините за инвестициски проекти и потврда дека одлуката на Владата за спроведување на оваа мерка е навремена, стратешки исправна и одговара на реалните потреби на локалните самоуправи. Во прва фаза се одобрени за финансирање 828 проекти во вредност од 13.868.138 денари, рече Перински.

Преку Програмата за рамномерен и регионален развој во 2024 и 2025 година соопшти дека се одобрени 176 проекти насочени кон унапредување на развојот на планските региони, селата, урбаните подрачка, како и подрачјата со специфични развојни потреби.

Перински соопшти и дека е изготвена физибилити студија за ресурсен центар за поддршка на општините, за кој годинава се предвидени пет милиони денари. Оцени дека преку ИПА 3 инструментот се постигнуваат значајни резултати, а од активните програми за прекугранична соработка со соседните држави, исткана дека се од стратешко значење изградбата на граничниот проект Клепало и воспоставувањето на граничиот премин Маркова нога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава.

Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер.

Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење.

Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Актерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица.

Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи.

Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите.

Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Дали фудбалерите навистина вредат толку многу? 

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот.

Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид.

Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра.

Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл.

Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано.

Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери.

Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона.

Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи.

Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц.

Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра.

Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид.

Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо.

Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера.

Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери.

На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони.

Трансфери над 100 милиони евра:

1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ)

2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ)

3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул)

4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи)

5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити)

6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид)

7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул)

8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи)

9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона)

10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона)

11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити)

12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи)

13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид)

14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи)

15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус)

16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем)

17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед)

18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона)

19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид)

20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид)

21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер