Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ - Канал 5

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Во МКЦ денеска и утре ќе биде изведен перформансот „Мачката Елеонора“.

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Перформансот е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи.

-Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки, информираат од Тииииит! Инк. – Скопје.

Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на Република Македонија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потпис

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50 проценти за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор.

Трамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потпис

Новите царински давачки требаше да стапат на сила во денеска и да опфатат околу 20 милијарди долари канадски увоз. Во објава на социјалната мрежа, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден. Една од главните точки на спор беа американските царини за канадските автомобили, за кои се разгледуваше можноста да се намалат од 25 на 15 проценти, но деталите за евентуалниот договор сè уште не се познати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам

Сојузот на борци на Тетово бара од пратениците со законски измени категорично да се забрани именување улици и инфраструктурни објекти со имиња на фашисти, фашистички организации или нивни соработници. 

Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам

Барањето, како што потврдија за Канал 5, го доставиле до координаторите на парламентарните партии од македонскиот блок - ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА и ЗНАМ, а доаѓа како реакција на новите 145 имиња на улици во Тетово кои Комисијата во Општината ги усвоила пред неколку денови. Меѓу нив се најде и името на Фадил Сулејмани, човек кој, како што тврди Сојузот, го формирал нелегалниот Тетовски Универзитет, и кој во интервју во Софија, пред повеќе години отворено го негирал постоењето на на македонскиот народ. Од Сојузот на борци, велат дека очекуваат законските измени за заштита од фашистички или спорни имиња на улиците да се направат по примерот на оние со кои се интервенираше за заштита на националниот интерес, кога како што велат, низ државата почнале да се формираат бугарски клубови со профашистички имиња.

- Очекуваме Собранието да биде конзистентно и да препознае потреба да се превенира, исто и во доменот на определување на имиња на улици и други инфраструктурни објекти. Па затоа предложивме на координаторите на пратеничките групи точни прецизни и веќе скроени измени на 2 члена во законот за определување на имиња на улици. Во смисла на тоа изрично да се забрани именување на улица или инфраструктурен проект со име на фашист, фашистичка организација или нивни соработници или пароли коишто можат да се поврзат со тоа, изјави Даријан Сотировски, член на Претседателството на Сојузот на борци на Тетово.

Од Сојузот на борци дополнително бараат покрај претходната согласност од Владата, задолжително да се побара мислење од Комисијата за имиња, која како стручно тело е формирана согласно Законот за здруженија и фондации.

Работната група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, досега во два наврати излезе со предлог имиња за повеќе од 200 улици во Тетово. Од кабинетот на Касами велат дека постапката во Општината за утврдување нови имиња е се уште во тек, а селекцијата е поделена по групи. Според информациите останува да се усогласат уште неколку имиња на улици, но постои начелен договор меѓу коалициските партнери. Иако временски рок нема, од општина Тетово очекуваат целата постапка да заврши до Нова Година.

Уставниот суд во јуни ја укина одлуката одлуката на општина Тетово од 2007 за преименување на улиците во градот поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри на шангајската листа

Без пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска.

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри на шангајската листа

Без пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска откако и оваа година ниту еден од македонските високообразовни институции не се најде во Шангајската листа на 1000 најдобри универзитети во светот.

-Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони да има некое драстично придвижување на Шангајската листа, трите закони кои во моментов се во собраниска процедура очекуваме во еден догледен период, бидејќи и за тоа ќе треба време, значајно да го поткренат квалитетот во високото образование но и да се подобрат и другите индикатори, кои ги користат не само Шангајската листа туку и други листи за рангирање за да можеме да се придвижиме на тие листи,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и наука засега се блокирани од албанскиот опозициски блок, а Јаневска им порача – ќе се соочиме во Собранието. Обвинувањата од ДУИ дека селективно го применува Бадентерот при гласање на овие закони, Јаневска ги оцени како несоодветни информации за придобивање на гласови во сопствените партиски редови.

-Не го оспорувам правото на учење на мајчин јазик, не оспорувам ниту едно право на заедниците кои живеат во нашата држава, ниту Бадентерот. Но, во случај кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. // Ние ќе се соочиме во Парламентот, досега ние имавме дискусии со академската заедница, од политички субјекти, ние сугестии за законите не сме добиле. Таму ќе го решаваме проблемот ако воопшто постои, ако не станува збор само за политика во образование,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Според ДУИ, пакетот закони не ги вклучува забелешките на академската заедница кои се однесувале на нарушување на автономијата на универзитетите и привилегирана положба на одредени универзитети. Исто така тие обвинија на неинклузивен пристап при пишувањето на законите и најавија дека доколку останат во ваков вид, тие нема да дадат поддршка за нивно гласање.

На Шангајската листа Србија, Бугарија, Хрватска и Словенија се присутни со еден а Грција со четири универзитети. Освен Македонија, од регионот без свои пласирани универзитети на оваа академска листа се и Албанија, Косово, Босна и Херцеговина како и Црна Гора.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер