Холандските медиуми објавија дека се работи за локален жител кој го налутило тоа што децата пред натпреварот подметнале огномет, кој ги исплашил неговите коњи.
Тој најпрво разговарал со домашниот тренер Марсел ван Веенен и членот на клубот Ерик Шмит, по што се возел на скутер низ теренот, каде застанал покрај играчот Роберт Елзинг, објаснувајќи му што го налутило. Претседателот на матичниот клуб Веенхуизен ја коментирал ситуацијата.
„Во првенството ни оди лошо, а сега игравме против последниот клуб во лигата. Младите момци сакаа да го бодрат тимот, но дојде до несреќна ситуација. Секако дека ме изнервира ситуацијата.Не, не сакаме никому да пречиме и мора да се грижиме за безбедноста на сите на теренот.
Да, го знаеме соседот. Тој играше во нашиот клуб кога беше млад. Ние сме одговорни како управа на клубот и ни е жал што тоа се случи. Но, и младите сакаа добро“, изјави Кис ван дер Лест. Веенхујзен загуби со 1:4 во натпревар кој е важен за останување во осмата табела на холандскиот фудбал. Првите три гола ги постигнаа до 23. минута.
"Можеби сето тоа влијаеше на концентрацијата. Ќе разговараме со соседот. И тој реагираше со жешка глава, мислам. Сакаме да бидеме во добри односи. На крајот на денот, ние сме соседи“, изјави Ван дер Лест.