Перез ќе остане во Ред Бул и следната сезона - Канал 5

Перез ќе остане во Ред Бул и следната сезона

 Ред Бул одлучи да го задржи Серхио Перез како тимски колега на Макс Верстапен и следната година во Формула 1 шампионатот, тврди „Марка“.

Перез ќе остане во Ред Бул и следната сезона

Шпанскиот спортски порта потсетува дека гласините за неизбежно отпуштање или доброволно заминување на мексиканскиот возач се појавија во текот на сезоната 2024 година, но тоа никогаш не се случи.

Според „Марка“, изјавата на Перез на Големата награда на Сао Паоло дека ќе биде со тимот во 2025 година не биле само зборови. Серхио веќе привлече нови спонзори за Ред Бул за следната сезона покрај постојните. Покрај тоа, тимот - вклучувајќи го и економскиот оддел и менаџерот Кристијан Хорнер - се согласи со него за објавување на нови модели на облека и други реквизити.

Во моментов, спонзори на тимот на Перез се „Кларо“, „Телсел“ и „Инфинитум“, поврзани со милијардерот Карлос Слим. „Marca“ проценува дека компаниите му носат на Ред Бул околу 30 милиони долари годишно. /МИА

Путин и Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран

 Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран и се согласија дека е потребна деескалација, соопшти Кремљ.

Путин и Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран

Двајцата „силно ги осудуваат дејствијата на Израел, кои ја кршат Повелбата на ОН и другите норми на меѓународното право“, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков за новинарите.

„И Москва и Пекинг се целосно убедени дека нема воено решение за моменталната ситуација и прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран. Ова решение мора да се постигне исклучиво преку политички и дипломатски средства“, рече Ушаков.

Русија предупреди дека ќе настапи катастрофа ако конфликтот меѓу Израел и Иран, кој продолжува веќе седми ден, ескалира дополнително и ги повика САД да не се приклучуваат кон бомбардирањата кои ги извршува Израел.

Во последните денови, Путин телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и постојано повторуваше дека Русија е подготвена да посредува меѓу завојуваните страни. Досега никој не го прифатил предлогот на Русија, пренесуваат светските агенции.

Путин денеска го повтори предлогот во телефонскиот разговор со Си, кој е негов близок сојузник. Од своја страна, кинескиот лидер изрази поддршка за идејата, рече Ушаков, „бидејќи смета дека таа може да послужи за деескалација на моменталната тензична ситуација“.

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник  за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Средба на министерот Тошковски со Золт  Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Од МВР соопштија дека на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, при што двете страни ја потенцирале меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.

Министерот Тошковски изразил благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека, се наведува во соопштението, заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското Министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.

- Средбата заврши со меѓусебно уверување во заемната посветеност на решавање на заедничките предизвици и апсолвирање на заедничките приоритети, како и со ветување за натамошна заедничка поддршка во сузбивањето на илегалната миграција и нејзиното сузбивање, соопштија од МВР.

Ребалансот на буџетот на седница на Влада

Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции.

 Ребалансот на буџетот на седница на Влада

На седница на Влада денеска ќе се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.

-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии итн.итн. и здравство. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

Прашан за извештајот на Државниот завод за статистика во однос на земјоделството, каде што е нотирано поголеми инпути и поголеми аутпути и е позитивно за земјоделците и што можат да очекуваат од ребалансот на буџетот, Мицкоски одговори дека тоа е апсолутно точно, има зголемување на цените кон откупувачите и повеќе пари за земјоделците во нови инвестиции.

-Апсолутно е тоа точно и тоа го покажува новиот Извештај на Државниот завод за статистика и имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз и би рекол незначителен од 1,2 проценти зголемен инпут, тоа во трошоците, во расходната страна на земјоделците и тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично, одличен параметар. Тоа значи повеќе пари за инвестиции, повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски.

Што се однесува за поддршката што ја дава Влада, премиерот Мицкоски напомена дека минатата година е дадена поддршка кон земјоделците повеќе од 8,6 милјарди денари.

-Пари дадени на земјоделците за исплата на заостанати субвенции од 2021 плаќавме, од 2021, 2022, 2023, 2024, мислам дека е заокружена и сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаа заостанати субвенции од 8,6 милјарди денари, изјави Мицкоски, на настан по повод отворање на Македонско село во Скопје.

притисни ентер