Пеплосан електричен Порше Тајкан , причината за пожарот непозната (ВИДЕО)

Минатата недела, Порше Тајкан изгоре во гаража во куќа во јужна Флорида.

Покрај загубата на автомобилот, сопственикот се соочува и со оштетувања на домот кои не се мали.

Само пепел остана од луксузното електрично возило. Рамката на автомобилот сè уште постои, но комплетниот ентериер се претвори во отпад. Снимките сведочат дека автомобилот бил уништен до непрепознавање. Пожарот скоро целосно ги изгорел гумите на тркалата. Штетата на гаражата е голема, но барем може да се санира.

„Почнавме истрага и подготвени сме да помогнеме ако не повикаат. Единствена среќа е што нема повредени. Сè уште е рано да се проценат какви било можни причини. Чекаме да заврши истрагата“, вели портпаролот на полицијата, Калвин Ким.

Пожарите во кои се уништени електрични возила не се новост . Моделите на Тесла се запалуваа од непознати причини, а несреќите ги испитува компанијата и федералните безбедносни агенции во САД.

Резултатите од истрагата велат дека една од можните причини е дефект на батеријата на електричното возило. Додека темелно да се испита случајот со Порше, би било неодговорно да се шпекулира за можни причини, пишува Carbuzz.

Голема е веројатноста дека возилото не изгорело поради дефект, но сведочењето од соседите укажува дека се слушнала експлозија непосредно пред пожарот. Возилото од неодамна е во продажба и релативно малку Тајкани се возат по патиштата.

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер