Пензиониран фармер си го исполни сонот: Направил подморница од 7 метри и стана светска сензација (ВИДЕО) - Канал 5

Пензиониран фармер си го исполни сонот: Направил подморница од 7 метри и стана светска сензација (ВИДЕО)

Во едно село во источна Кина, 60-годишен пензиониран земјоделец стана локална и меѓународна сензација благодарение на неверојатен подвиг.

Пензиониран фармер си го исполни сонот: Направил подморница од 7 метри и стана светска сензација (ВИДЕО)

Сосема сам, без формална инженерска обука, тој изградил функционална подморница - способна да нурка под површината на реката.

Израснат во близина на реката Јангце

Џанг Шенгву, жител на покраината Анхуи, комбинирал децениско искуство во столарија и заварување за да го оствари сонот од детството. Тој пораснал во близина на реката Јангце, каде што поминувал денови гледајќи товарни бродови.

Пресвртот се случил во 2014 година, кога видел телевизиска репортажа за подморница.

„Видов дрвени и метални чамци, но никогаш нешто што може да нурка“, изјави Џанг за локалните медиуми.

Подморница направена од старо железо

Истата година, тој почнал да ја гради својата подморница. Со само 5.000 јуани (околу 600 евра), купил старо железо, мал мотор и батерија. Преку ноќ, изградил подморница долга шест метри и висока 1,2 метри, тешка два тона.

Иако можела да нурне само еден метар и имала проблеми со протекување, тоа му даде доволно самодоверба да продолжи со нејзиниот развој.

Џанг инвестираше 40.000 јуани (околу 4.800 евра) во втората генерација на подморницата, изградена во средината на 2025 година. Тој ја нарече „Големата црна риба“, бидејќи е долга седум метри, висока 1,8 метри и тежи пет тони.

Најдена изгубена рибарска мрежа

Наменета е за две лица и се движи со брзина до 7 км/ч. Користи два резервоари за пловење, додека дополнителна стабилност обезбедуваат два тони бетон во трупот. Сите заварени споеви се дополнително зајакнати и запечатени со силикон и лепак за да се подобри отпорноста на вода.

Кабината има контролна табла со позадинско осветлување и џојстик обложен со гума. Камерата на петметарска телескопска „рака“ овозможува поглед на речното корито пред нурнување.

За време на тестот, Џанг пронашол изгубена рибарска мрежа и заработил 3.000 јуани (околу 360 евра) за нејзиното враќање, објавува Ле Рави.

Сериозни безбедносни предизвици

Видеата од подморницата „Голема црна риба“ станаа вирални на кинеската платформа Дојин како вистинска сензација. На нив се гледа како темниот челичен труп се лизга низ матна вода пред повторно да излезе на површина, предизвикувајќи лавина од коментари и восхит - но и загриженост за безбедноста.

Иако официјалните оценки за пловност не се објавени, експертите предупредуваат на сериозни инженерски и безбедносни предизвици за рачно изградените подморници, како што се отпорноста на трупот на притисок и сигурните системи за итно излегување на површина.

Семејството на Џанг првично беше загрижено за цената и потенцијалната опасност, но тој истакнува: „Само кога ќе се обидете и ќе успеете, сфаќате за што сте навистина способни“.

И покрај ризиците, Џанг веќе планира нова, поголема подморница, способна за подлабоки нуркања и подолги патувања. За него, „Голема црна риба“ не е само хоби - таа е кулминација на години напорна работа и самостојно учење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер