Пензии по нова методологија ќе се исплаќаат од септември

Пензии по нова методологија ќе се исплаќаат од септември годинава, најави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со Здружението на пензионери.

Пресметките им покажале дека според овој таканаречен швајцарски модел на крајот на годинава просечната исплатена пензија која сега изнесува околу 16 илјади денари - ќе изнесува 17.300 денари.

До тогаш, пензионерите ќе ги добијат само дополнителните по 1.000 денари за април, мај и јуни, како финансиска помош. Ковачевски вели дека овие пари ќе се исплаќаат директно од Фондот, бидејќи истиот е стабилен.

Пензионерите задоволни од прифатениот предлог пензиите да се пресметуваат по нова методологија, сепак на средбата со Ковачевски - доставиле и други барања.

Според новата методологија – пензиите ќе се усогласуваат секој април и септември, според трошоците на живот и растот на просечната плата. Од невладината Фајнанс Тинк велат дека со реформата се враќа системот за пресметка кој важеше до 2018 година, а прилагодувањето го оценуваат како коректно – проценуваат дека нема да се наруши стабилноста на ПИОМ, а истовремено се обезбедува попристоен живототен стандард за пенизонерите...

Ал-Итихад сака да го ангажира Тер Штеген

 Ал-Итихад е заинтересиран за трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски портал, клубот од Саудиска Арабија има намера да го придобие германскиот голман на крајот од актуелната сезона. Спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планес, кој претходно работеше во Барселона, верува дека Тер Штеген добро ќе се вклопи во тимот од Џеда.

Во август, 32-годишниот фудбалер потпиша нов договор со Барселона, кој трае до јуни 2028 година.

Тер Штеген игра за „Блауграна“ од 2014 година. Сезонава одигра 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува 14 пати мрежата „чиста“.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

Апел за помош за лекување на младиот Бошко Јанкулов

На младиот кавадарчанец кој се лекува во Турција му е дијагностициран канцер на карлица.

Нема цена за шансата на Бошко!

Се надевам сите се сеќавате на Бошко Јанкулов, студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица. Бошко веќе подолго време е на лекување во Турција, за кое лекување и напредок најголема заслуга имате сите вие добри луѓе кои секогаш несебично помагавте. Претстои операција за целосно отстранување на канцерот!

После сето лекување и 6 хемотерапии покасно, резултатите се ветувачки и конечно туморот е намален, па на Бошко му претстои операција за целосно отстранување на истиот и лекување со радиотерапија и имунотерапија. Меѓутоа финансиските средства се целосно исцрпени и повторно му треба нашата помош за конечно да може да прооди. Неговата битка за целосно опоравување е при крај, но без вас не можеме да успееме, па ве молиме од срце кој колку може да донира или барем масовно споделување на постот. Затоа што заедно сме посилни!

Буџет на кампањата

Целосните финансии потребни за третманот изнесуваат 30000 евра.

притисни ентер