Пентагон: Зголемената помош за Израел не влијае на поддршката за Украина

Министерството за одбрана на САД негираше дека какви било одлуки на Вашингтон за проширување на воената помош за Израел ќе имаат негативен ефект врз одбранбената поддршка за Украина. 

-Ние му обезбедуваме на Израел сe што му е потребно за да се бори против терористичката организација Хамас. Обезбедуваме високопрецизна муниција и опрема за противвоздушна одбрана, она што им е потребно на израелските одбранбени сили, рече заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг на прес-конференција.

Таа наведе дека САД продолжуваат да и даваат поддршка на Украина од резервите кои остануваат врз основа на овластување на претседателот, додека, како што додаде, помошта за Израел доаѓа од друг фонд, „Надворешно воено финансирање“ (Foreign Military Financing).

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 13 до 17 јануари 2025 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат денеска од ЈП Водовод и канализација.

Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот

Скопје утрово се најде на 26. место на листата на најзагадени градови во светот. 

Според платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“ („IQAir“), со индекс во однос на штетните честички од 137, главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.

На првото место е Сараево со многу нездрав воздух и индекс од 296 во однос на присуството на штетни честички.

Меѓу првите 10 од Европа на второто место е Краков во Полска, со индекс од 198 единици, а трет е Ханој (196 ) во Виетнам.

Според податоците на табелата на „IQAir“, во 10 часот утрово од регионов, Приштина е на 19. место, Софија на 22, Букурешт на 23, Љубљана 37, Загреб 46 место, Белград на 51 и Атина на 87 место.

Специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ ги прикажува вредностите на аерозагаденост во реално време.

До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег

 Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура во котлините со магла ќе биде во интервал од -3 до 2, а во останатиот дел од земјата од 6 до 10 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, во поголем дел од денот ќе има магла и ниска облачност. Попладне ќе има делумно намалување на облачноста. Температурата ќе биде до 2 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

- Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, известуваат од УХМР.

притисни ентер