БалканПентагон: САД одобрија продажба на 246 ракети „џавелин“ на Косово за 75 милиони долариАмериканскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на Косово на 246 ракети „џавелин“ за проценета вредност од 75 милиони долари, објави Пентагон.Носители на зделката ќе бидат „Џавелин Џоинт венчур“ (Javelin Joint Venture), составена од компаниите „Локид Мартин“ и „Рејтеон мисајлс и дифенс“ (Raytheon Missiles and Defense). Предложената продажба ќе го подобри долгорочниот капацитет на Косово да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, оцени Пентагон. - Ракетите „Џавелин“ покажаа ефикасност во Украина, па дури и порано, и ги покриваат нашите потреби да бидеме подготвени да ја браниме нашата земја“, изјави косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци. Тој рече и дека Косово ќе биде подготвено да одговори на секој што го загрозува неговиот суверенитет, но и подготвено да придонесе за светскиот мир како дел од заедничките меѓународни операции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век. Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја - особено не за народ со антифашистичка историја. Но, не. Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“. Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот. Претседателот на „промакедонската“ партија - која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши - одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на: • подобни - оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас, • и неподобни - сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО. Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија - за него се „талог на општеството“. Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници. Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови. Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава. За Мицкоски - тие се „талог“. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планинаЧешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината. „Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв. На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнењеКинескиот автомобил „Denza N8“ е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh.Најновите регулаторни документи објавени од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) открија детали за претстојниот модел на BYD, Denza N8, како и за продолжената верзија Denza N8L. Електричниот Denza N8 сега има максимален досег од 1.003 км. Denza N8 е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh, а моделот N8 нуди опции за досег од 1.003 км, 970 км, 840 км и 800 км. Во меѓувреме, Denza N8L, користејќи LFP батерија од 130,15 kWh, нуди електричен досег од 960 км според кинескиот систем за мерење (CLTC). Denza N8 е долг 5.150 мм, додека Denza N8L достигнува должина од 5.200 мм. Верзијата со погон на задните тркала и еден мотор е достапна со две нивоа на моќност: 320 kW (429 КС) и 370 kW (497 КС). Достапен е и погон на сите тркала со три мотори. Оваа конфигурација се состои од еден преден мотор (270 kW/362 КС) и два задни мотори (секој со 310 kW/416 КС), што резултира со вкупна моќност од 890 kW (1.193 КС), пишува Car News China.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook