Пентагон: САД ќе воведат измени кога станува збор за американските сили на Блискиот исток - Канал 5

Пентагон: САД ќе воведат измени кога станува збор за американските сили на Блискиот исток

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го информирал Израел за сегашните и идните промени во однос на американските сили на Блискиот Исток, објави Пентагон.

Пентагон: САД ќе воведат измени кога станува збор за американските сили на Блискиот исток

Како што се наведува, Остин се уште нема донесено конечна одлука за тоа кои сили ќе ги распореди, пренесува Ројтерс.

Официјални лица изјавија за британската агенција дека се разгледуваат широк спектар на опции, вклучувајќи авионска и поморска инфраструктура.

„(Остин) го информираше министерот за дополнителни мерки за вклучување на тековните и идните промени во одбранбените сили што Министерството ќе ги преземе за поддршка на одбраната на Израел“, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг по состанокот на Остин со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Според неа, Остин му ветил на Галант, а американскиот претседател Џо Бајден му ветил на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека САД ќе ја зајакнат заштитата на своите сили во регионот.

Синг рече дека САД не сакаат поширок регионален конфликт и не веруваат дека ескалацијата е неизбежна.

Американскиот претседател Џо Бајден, за време на неговата средба со Нетанјаху во четвртокот, обрна внимание на новото распоредување на американската војска за да се спротивстави на иранските закани поради атентатот на политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, во иранската престолнина.

Иранската влада и Хамас го обвинуваат Израел за убиството на Ханија. Меѓутоа, Израел ниту ја потврди ниту негираше вмешаноста.

За убиството на Ханије, Иран се закани дека ќе се одмазди на Израел, што ја поттикна загриженоста дека може да има ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, според Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.

 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан.

За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија.

Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните.

Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации.

Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер