Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
СветПентагон потврди: На Украина веќе и се испорачани проектилите со дострел од 300 километриУкраина веќе почнала да ги користи американските балистички ракети со долг дострел, тајно доставени од САД за борба против руските сили, потврдија американските власти.Како што јави Би-Би-Си, овие проектили се дел од пакетот вреден 300 милиони долари што американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри во март и ѝ биле доставени на Украина на почетокот на овој месец. Ракетите ATACMS, кои имаат дострел од 300 километри, досега се користени барем еднаш за уништување цели на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година. Потсетуваме дека ноќеска Бајден го потпиша претходно усвоениот закон за испорака на воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари. САД претходно ѝ испорачаа на Украина верзии на ракетата ATACMS кои имаат скратен дострел од околу 100 милји и можат да носат помала боева глава. Сега шефот на Белата куќа одобри испраќање ракети со долг дострел: - Можам да потврдам дека САД ѝ испорачаа на Украина ракети со долг дострел ATACMS по директива на претседателот Бајден. Ова не го потврдивме порано за да ја одржиме оперативната безбедност на Украина на нивно барање - изјави Ведант Пател, портпарол на Стејт департментот. ❗️ President Biden secretly approved the decision to send more than 100 longer-range (300+ km) ATACMS missiles in mid-February, a senior U.S. official said, as well as more cluster missile variants. They were included in a $300 million military aid package to Ukraine in March -… pic.twitter.com/VvSrVKxn4k — Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) April 25, 2024 Не се знае точно колку проектили се испорачани, но американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон планира да испрати нов контингент: - Тие ќе направат разлика. Но, како што реков претходно, нема сребрен куршум од ова место - рече тој. Минатата недела за прв пат беа употребени проектили со поголем дострел за напад на руски воен аеродром во окупираниот Крим, објави Ројтерс, цитирајќи неименуван американски функционер. Новите проектили биле користени и во нападот врз руските војници во окупираниот пристанишен град Бердјанск во текот на ноќта во вторникот, според Њујорк Тајмс. Во последниве месеци, Киев ги засили апелите за помош од Запад, бидејќи резервите на муниција се смалуваат, а Русија напредува на фронтот. Новиот пакет помош ќе следи по неколкумесечниот застој поради противењето на помошта од страна на републиканците во Конгресот. – Ќе ја направи Америка побезбедна, ќе го направи светот побезбеден – рече Бајден по потпишувањето на новиот закон за испраќање помош во Украина и додаде: - Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа, ќе почнеме да испраќаме муниција за системи за противвоздушна одбрана, артилериски ракети и оклопни возила во Украина. Володимир Зеленски, претседателот на Украина, брзо реагираше: - Сега ќе направиме сѐ за да надоместиме половина година помината во дискусии и сомнежи. Она што рускиот окупатор можеше да го направи за ова време, што Путин го планира сега, треба да се свртиме против него. Зеленски неодамна предупреди дека се очекува руска офанзива во наредните недели откако Украина го загуби градот Авдијевка во текот на зимата. Украинските сили претрпеа порази во последниве месеци поради недостаток на муниција и системи за противвоздушна одбрана, а официјалните лица го обвинија доцнењето на воената помош од САД и другите западни сојузници за загубата на животи и територии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook