Пентагон потврди дека нивните пилоти имале средби со НЛО (ВИДЕО)

Речиси две години поминаа откако Њујорк Тајмс и организацијата The Stars Academy of Arts & Sciences ги објавија снимките на пилотите од американската воена морнарица на кои се среќаваат со неидентификувани летечки објекти(НЛО).  

Дури сега Воената морнариц ана САД потврди дека снимките се автентични и на нив се гледаат ,,необјаснети воздушни феномени” , со напомена дека овие снимки никогаш не требале да се објават во јавноста.

Овие три видеа сеуште се достапни на YouTube, наречени „FLIR1“, „Gimbal“ и „GoFast“. Тие прикажуваат две ситуации кога пилотите на морнарицата наишле на непознати летачки објекти.

Едно од тие видеа е снимено во 2015 година, во близина на источниот брег на САД, а го снимил пилотот на Ф / А-18 Супер Хорнет.

И другите две видеа ги направиле пилотите на „Супер Хорнет“, снимијќи ја необјаснивата средба што се случила крај брегот на Калифорнија во 2004 година. На овие снимки, пилотите можат да се слушнат како дискутираат што се објектите пред нив и од каде се појавиле.

Во обете ситуации, непознати објекти изведоа воздушни маневри кои не се можни со сегашната технологија за авијација. Така, Њујорк Тајмс ги пренесе зборовите на пилотите кои сведочеа за инцидентот во 2004 година, велејќи дека предметите „одеднаш се појавија на надморска височина од околу 24 километри, а потоа се спуштија лесно на надморска височина од 6 километри и останаа да лебдат“. . После тоа, тие одеднаш исчезнаа од нивните радари, напиша Њујорк Тајмс.

Официјалниот портпарол на заменик-шефот за воени информации на морнарицата, Џозеф Градишер, изјави за порталот „Блек Вул“ дека морнарицата „ги означи предметите на тие снимки како неидентификувана воздушна појава“.

Накратко, Пентагон признава дека овие предмети едноставно не можат да ги идентификуваат или објаснат. Министерството за одбрана, потврди дека овие снимки никогаш не требало да завршат пред очите на јавноста.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер