Пентагон отвори канцеларија за проучување на НЛО - Канал 5

Пентагон отвори канцеларија за проучување на НЛО

Пентагон соопшти дека основал канцеларија за собирање и проучување на информации за неидентификувани летечки објекти (НЛО) видени од различни гранки на американската војска.

Пентагон отвори канцеларија за проучување на НЛО

Оваа „Координирана воздушна група за идентификација и управување“ или AOIMSG го заменува „Работното место за неидентификувани воздушни појави“ формирано во август 2020 година, а потоа ставено под покровителство на американската морнарица, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на САД.

Канцеларијата е под јурисдикција на потсекретарот за одбрана задолжен за разузнавање и безбедност, што сведочи за фактот дека американската војска не ги смета „малите зелени“ одговорни за „неидентификуваните воздушни феномени“, туку вистински противници на САД.

Вашингтон е всушност загрижен за способноста на Кина да шпионира со помош на дронови и други летечки уреди.

Идниот директор на АОИМСГ, кој сè уште не е назначен, ќе ја координира работата на различните гранки на американската војска и разузнавачките служби на терен.

Минатата година, Пентагон објави три видеа направени од пилоти на американската морнарица - едно во ноември 2004 година и две во јануари 2015 година - на кои е прикажана нивната средба за време на летот со „непознати феномени во воздухот“.

На едната е прикажан издолжен објект кој се движи брзо и неколку секунди откако е забележан од сензорот на американскиот авион, исчезнува по нагло забрзување.

Втората слика препознава објект над облаците, а пилотот се прашува дали се работи за беспилотно летало.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер