3СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаПенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена државаЗлатко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, истакна дека клучната поента е стабилизација на економијата, преку растот на БДП од 3% и зголемената економска активност во сите сектори. Тој посочи дека особено е значајна поддршката од страна на Владата за локалната самоуправа, со цел да се унапреди развојот на општините како основа за стабилна држава. ,,Клучна поента, клучен збор е стабилизација. Стабилизација со 3% раст во првиот квартал на БДП. За мене клучна поента на целокупниот документ наречен Ребаланс или предлог за измени и дополнување на буџетот е стабилизацијата која што јас ја гледам како одлична основа“, рече Пенков. Пенков истакна дека буџетскиот дефицит останува стабилен што значи дека одговорно се управува со јавните финансии. ,,На приходната страна се проектирани 362 милијарди 377 милиони денари, а на расходната страна имаме проектирано 403 милијарди 727 милиони денари. Дефицитот, останува ист. Проектирана 41 милијарда и 350 милиони денари, т.е нема промена во висината на буџетскиот дефицит. Според доставените податоците, секако и во директна комуникација со заменикот министер, заклучивме дека станува збор за економски термин реалокација на средства“ истакна Пенков. Пенков посочи дека БДП во првиот квартал од 2025 година пораснал за 3%, што укажува на продолжена стабилизација и зголемена економска активност во сите сектори. ,,Најважниот показател, БДП, во првиот квартал во 2025 година расте со стапка од 3%. Односно, продолжува позитивниот тренд. Она што во експозето на заменик министерот стои како продолжена стабилизација, мислам дека е јасно зошто, затоа и во претходните два квартали имаме исклучително позитивна стапка на раст меѓутоа за мене најважно е како е настанат тој раст. Со зголемена економска активност во сите сектори. Посебно ги издвојувам градежништовото со 7,1% меѓутоа не помалку важно и растот во преработувачката индустрија, со 3,7 процентни поенти“, кажа Пенков. Според Пенков, растот на БДП се должи на зголемената домашна побарувачка, значаен раст на бруто инвестициите и позитивен придонес од растот на извозот. ,,На расходната страна растот на БДП се должи на зголемена домашна побарувачка. Бруто инвестициите имаат раст од 18% и на сето ова може слободно да додадеме и еден позитивен сигнал од растот на извозот од 1,2% на реална основа“, рече Пенков, и додаде: ,,Стапката на невработеност, често пати е екплоатирана тема, 11,7% и имаме намалување од 0,2 процентни поени додека стапката на вработеност во истиот период изнесува 46,3%“. Тој посочи и на поддршката на Владата за општините преку финансирање инфраструктурни проекти и обезбедување финансиска стабилност, бидејќи според него, развиени општини се основа за развиена држава. ,,Многу значајна продолжува и останува поддршката на Владата до единиците на локалната самоуправа по најмалку два сегменти, првата е да се овозможи финансирање на инфраструктурни проекти од една страна и од друга страна да се работи на финансиската стабилност за единиците на локалната самоуправа. Затоа што конечно сите мораме да разбереме дека една држава за да биде развиена мора да има развиени општини“, додаде Пенков. Пенков истакна дека Владата има приоритет да ги развие локалните самоуправи преку продолжување на децентрализацијата, пренесувајќи надлежности од централната власт на општините, со цел подобри услуги за граѓаните. ,,Врвниот приоритет на Владата се развиени единици на локалната самоуправа од една страна а од друга страна е продолжување на процесот на децентрализација, тоа значи надлежностите кои што ги имаат органите на управата кои што се по директни јурисдикција на Владата постепено да се пренесат на единиците на локалната самоуправа и тоа јас сум убеден дека ќе биде дополнителен инпут за секоја општина и за граѓаните на таа општина“, заклучи Пенков, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ФудбалПознати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028 По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија.... Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија., Составот на шеширите е следен: Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн . Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни: 1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) 10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) . Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.Тагови: ЕУРО 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: И Трамп пристигна во ШенженПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен. Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави. Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN. Le président américain Donald Trump est arrivé ce mercredi matin à Shenzhen, dans le sud-est de la Chine, où il doit participer ce jeudi à un sommet inédit avec ses homologues chinois Xi Jinping et russe Vladimir Poutine en marge d'une réunion régionale, dans #HDPros https://t.co/9PGj1PhS60 — CNEWS (@CNEWS) November 18, 2026 Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре. Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми. Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter