Пендаровски: Вонредната состојба се продолжува за нови 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност најави дека ќе донесе одлука за нова вонредна состојба во траење од 14 денови, која ќе почне да важи од утре.

-Имајќи го предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе почне да тече утре, изјави Пендаровски по седницата.

Донесувањето на оваа одлука, рече, има за цел само да им овозможи на Владата и институциите поефикасно да се справуваат пред се со, како што потенцира, здравствените, но и економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од кононавирусот. Таа, додаде претседателот, не треба да се доведува во корелација со изборниот процес, односно со датумот на парламентарните избори што, според него, е предмет на договарање во еден поинаков политички формати различни комуникациски канали различни од советот за безбедност.

Претседателот Пендаровски упати три пораки – една до граѓаните, една до владата и една до лидерите на политичките партии.

-Сакам да им се заблагодарам на огромното мнозинство наши граѓани за тоа што трет месец крајно дисциплинирано и совесно ги почитуваат препораките за заштита на своето и здравјето на најблиските. Сакам да упатам и апел да не се опуштаме и со тоа да ги доведеме во прашање сите позитивни резултати кои ги имавме досега во борбата против пандемијата. Ние оваа битка сигуно ќе ја добиеме, но, мора да останеме совесни и одговорни до крај, рече претседателот Пендаровски.

Тој на Владата и порача дека негативните трендови забележани во некои општини не смеат да бидат повод да се враќаат рестриктивните мерки на цела територија и за сите граѓани. Надлежните органи и министерства, рече, мора да ги санкционираат сите граѓани кои не ги почитуваат мерките без исклучок и неселективно, без разлика на нивната етничка и верска припадност. Со неказнувањето на оние кои свено не ги почитуваат законите, потенцира Пендаровски, се остава простор за враќање на кризата на почеток.

-На политичките лидери кои учествуваат на т.н. лидерски средби сакам да им порачам дека државата нема Парламент. Постои техничка влада која има лимитирани овластувања, ситуацијата е премногу сериозна. Затоа барам од сите нив да бидат на висина на историската одговорност и да се договорат за дамумот на следните парламентарни избори да добиеме институции со полн капацитет и политички легитимитет, рече шефот на државата.

Државата, потенцира тој, едноставно не може и не смее со месеци да функционира само со воведена вонредна состојба. Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека на седницата ги чул мислењата за состојбата во земјата на сите присутни и оти врз основа на таквите мислења и податоците од надлежните институции ќе ја донесе одлуката за продолжување на вонредната состојба.

Третата, исто така, четиринаесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот завршува денеска, а ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Претседателот Пендаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена. Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот. Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер