Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

Претседателот на државата, Стево Пендаровски попладнево се обрати на 76-тото Генерално собрание на обединетите нации во Њујорк.

Почетокот на крајот на пандемијата е на повидок, треба да поддржиме нови идеи и иницијативи, а при соочување со сложените и меѓузависни проблеми на новото време ни треба посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Тоа се дел од пораките што ги упати претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето на генералната дебата од 76. сесија на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

Пендаровски потенцираше дека Западен Балкан е соочен со сериозни предизвици во поглед на неговите аспирации за европска интеграција. – Ако сакаме стабилен и просперитетен Западен Балкан како важна алка во континенталната и трансконтинентална стабилност и безбедност, мора да разбереме дека итно е потребен пробив на планот на неговата европска интеграција, укажа Пендаровски, наведувајќи дека нашата држава продолжува да ги зајакнува внатрешната стабилност и развојот, како функционално мултиетничко општество, засновано врз начелата на демократија, владеење на правото и човековите права.

Изминативе скоро две години, рече во обраќањето, речиси и да нема држава која не беше сериозно погодена од Ковид-19. Сооченo со предизвик без преседан, човештвото се обедини и го мобилизираше целиот свој капацитет за да ги ублажи последиците од пандемијата и да се подготви за постковид епохата. И покрај разликите меѓу најразвиените земји и сите останати, што повторно испливаа на површина, бевме сведоци на серија одлични примери на солидарност и човечност низ светот. Иако битката не е целосно добиена, конечно можеме да видиме светлина на крајот на тунелот и повторно да се фокусираме на иднината. Во таа насока треба да поддржиме нови идеи и иницијативи, како што е иницијативата на Г7 ‒Градиме подобар свет, инфраструктурно партнерство, насочено кон помагање на светот во развој, најсилно погоден од ковид-19, наведе Пендаровски.

Како што посочи, самиот факт што најголемиот број лидери се присутни, наместо да се обраќаат преку видео- пораки, говори дека почетокот на крајот на пандемијата е на повидок.

-Пандемијата, како и секоја голема несреќа во историјата на човештвото, е лекција која мораме да ја научиме. Не само ковид-19, туку повеќето од предизвиците со кои се соочува човештвото не запираат на нашите државни граници и не прават разлика меѓу нациите, религиите и идеологиите. Со сите глобални проблеми, без разлика дали се работи за безбедност, пандемии или климатски промени можеме да се избориме само со поголема емпатија, соработка и солидарност, рече Пендаровски.

Шефот на државата нагласи дека реалноста, денес, е дека нашиот свет е далеку од безбедно место за живеење. Конфликтите низ целата планета, активни или замрзнати, тероризмот, хибридните закани, рече, продолжуваат да ги загрозуваат нашиот мир и начинот на живеење, да ги загрозуваат човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи и бранови бегалци. При тоа ја сподели загриженоста на многу лидери за последниот развој на настаните во Авганистан, вклучувајќи го и генералниот секретар на ОН, кој предупреди дека светот се соочува со уште една хуманитарна катастрофа и повика на помош, здружени напори и солидарност.

-Водена од чувството за морална обврска, како и солидарната одговорност, мојата земја, Македонија, веднаш ја искажа својата подготвеност да прими значителен број бегалци од Авганистан, особено од најранливите категории и луѓето кои долги години работеа за агенциите на Обединетите нации во таа земја. За стотици од нив веќе е обезбедено сигурно засолниште и услови за достоинствен живот. Веднаш откако првиот авион со авганистански бегалци слета на скопскиот аеродром, се роди бебе во локалната болница, симболичен извор на надеж и доказ дека животот, сепак победува! Подготвени сме да дадеме свој придонес кон напорите на меѓународната заедница со цел да овозможиме подобар живот за овие лица погодени од воениот хаос и деструкција, порача Пендаровски.

Тој нагласи дека улогата на мултилатерализмот и Обединетите нации како негово универзално олицетворение, треба да бидат движечка сила за зајакнување на инструментите и методите за обезбедување безбедност, демократија, слобода, човекови права, одржлив развој и просперитет за сите.

Мораме, рече Пендаровски, да го обновиме ефективниот и инклузивен мултилатерализам што дава чувство дека сите заедно учествуваме во обликувањето на нашата судбина…Во духот на мултилатерализмот, посочи, Македонија ќе продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски и да ја поддржува работата на Обединетите нации и нејзините специјализирани агенции во креирањето и спроведувањето на јавните политики за прашања од глобално значење.

-Познато е дека секоја криза е истовремено и нова можност. Ковид-19 нè повикува сите да го преиспитаме нашиот однос кон различните аспекти на животот. Се потврди дека јавното здравје, образованието и науката заслужуваат многу повеќе внимание ако сакаме нивниот развој да биде системски, интегрален и одржлив, додаде Пендаровски.

Според него, при соочувањето со сложените и меѓузависни проблеми на новото време ни треба посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Не само за справување со нивните последици, за преструктуирање на економиите и натамошен развој, туку, вели, понекогаш, за промена на начинот на размислување кој нè држи во место и не носи прогрес. Притоа, човечкото достоинство, како што вели, треба да биде во фокусот на нашите напори, како на национално, така и на меѓународно ниво. Искоренувањето на сиромаштијата е само почетната точка за обезбедување на минималните права и потреби за сите, а предуслов за тоа е новите генерации да бидат воспитувани во духот на поголема солидарност, а помала нееднаквост меѓу луѓето.

-Одговорното визионерско лидерство, во рамките на нашите граници и надвор од нив, е основното средство за постигнување на овие благородни цели. Не треба да бегаме од сопствените обврски; да учиме од нашите грешки и погрешни перцепции, понекогаш предизвикани од немањето волја да ја напуштиме зоната на удобност и да покажеме поголема храброст и решителност во лидерството. Притоа е апсолутно неопходно да слушнеме и вклучиме различни ставови при носењето одлуки. Не треба да штедиме ресурси и напори за структурно да ја зајакнеме улогата на жените, со крајна цел, целосна родова еднаквост во сите сфери на општеството, без разлика дали станува збор за претприемаштво, безбедност, образование или надворешна политика, вели Пендаровски.

Во овој контекст, нагласи тој, мора да отвориме дебата за демократијата која се наоѓа под заканана глобално ниво и да продолжиме активно да инвестираме во демократските вредности, сузбивајќи ги авторитарните тенденции, високата корупција и систематското нарушување на човековите права.

-Затоа, како претседател на земја којашто знае што значи поинаков систем на управување, уште на самиот почеток ја поддржав идејата на претседателот Бајден за свикување самит за демократија во декември оваа година. Доколку сакаме да ја задржиме моралната супериорност на демократијата во однос на другите модели на политичко управување, мораме да инвестираме во неа, особено меѓу младите генерации. Важно е младите да учат од нашите неуспеси честопати предизвикани од добри намери, рече претседателот Пендаровски.

Тој укажа на значењето на универзалното образование достапно за сите, како основа за личен развој, кое што ќе ги подготви младите луѓе за полесно соочување со модерните предизвици и ќе го направи светот подостоинствено место за живеење, но нагласи, климатските промени се најголемиот предизвик на нашето време.

-Полека се оформува широк меѓународен консензус дека веројатно најголемиот предизвик на нашето време се климатските промени кои ги гледаме секој ден со различен интензитет и во различни форми. За жал, и покрај тоа што ги чувствуваме последиците од климатските промени во секојдневниот живот, и покрај зголемената свест за неопходноста од нивно ублажување, имаме проблем да се мобилизираме против оваа опасност. Пред нашите очи се одвиваат ужасни сцени низ целиот свет: застрашувачки поплави овде во Њујорк и во Западна Европа, смртоносна серија пожари во Југоисточна Европа и на Медитеранот што предизвикаа загуба на животи и огромни човечки страдања. Потврдувајќи ги нашите претходни заложби, Македонија останува посветена на Парискиот договор, додека во исто време го зголемува националниот придонес инкорпориран во националните закони, политики и регулаторни мерки. Со голема надеж го очекуваме претстојниот Самит за климатски промени ‒COP 26 во Глазгов, сметајќи го за една од клучните фази во нашите заеднички напори, да го обновиме единствениот дом што го имаме ‒ нашата планета Земја, порача Пендаровски.

Осврнувајќи се на регионалните, односно националните прашања и дилеми, тој рече дека Западниот Балкан е соочен со сериозни предизвици во поглед на неговите аспирации за европска интеграција.

-Актуелниот ќор-сокак во тој процес ги фрустрира граѓаните и постојано го намалува нивниот ентузијазам за позитивни промени. Од друга страна, ваквата состојба ги отвора вратите за геополитички натпревар, но и за поинакви модели на владеење, стеснувајќи го просторот за демократски реформи, толку важни за регионалната перспективаза стабилност и за просперитет. Крајно време е да ја преиспитаме сегашната фаза од најголемиот континентален проект по Втората светска војна, идејата за Европа, обединета, слободна и во мир. Дали актуелниот статус на европските интеграции во регионот е во согласност со визијата замислена од неговите основачи предмногу децении? Ако сакаме стабилен и просперитетен Западен Балкан како важна алка во континенталната и трансконтинентална стабилност и безбедност, мора да разбереме дека итно е потребен пробив на планот на неговата европска интеграција, нагласи шефот на државата.

Според него, како мала земја во Југоисточна Европа, Македонија ја докажа својата способност, заедно со Грција, а со посредство на ОН, да решава и сложени прашања, како што е таканаречениот „спор за името", што придонесе за дополнителна стабилност во регионот, а ефектите од Преспанскиот договор кој сега се спроведува, со добра волја, рече, ќе биде од корист и за нашите земји и за регионот во целина.

-Во исто време сме подготвени да се вклучиме во конструктивен дијалог со нашиот друг сосед, Бугарија, за да обезбедиме целосна имплементација на Договорот за добрососедство и соработка. Продолжуваме да ги зајакнуваме нашата внатрешна стабилност и развојот, како функционално мултиетничко општество, засновано врз начелата на демократија, владеење на правото и човековите права. Притоа сосема сме свесни дека најдобриот можен придонес, што можеме да го понудиме за пошироката стабилност и напредок, е да ги имплементираме сите овие вредности дома, кај нашите граѓани, вели тој.

Пораките, кои оваа недела ги упатуваме од Њујорк, нагласи Пендаровски, не треба да останат само зборовите.

-Без конкретни одлуки денес, светот нема да го направиме подобар утре. Имаме уникатна можност и одговорност како генерација лидери, кои своите земји ги водат низ најголемите предизвици по крајот на Втората светска војна, да преземеме чекори кон создавање помирен и поправеден свет во кој ќе се врати вербата во хуманизмот, слободата, солидарноста и почитување на човечкото достоинство, порача шефот на државата Пендаровски во своето прво обраќање на Генералното собрание на Светската организација.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер