Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата со коронавирусот

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска, 7 април, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се заблагодари на генералниот секретар за топлото и искреното добредојде за Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.

Претседателот Пендаровски го информираше генералниот секретар Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на COVID-19 во Македонија и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции. Соговорниците разговараа за активностите кои НАТО ги презема со цел оваа здравствена криза да не премине во безбедносна, осврнувајќи се притоа на се поприсутните дезинформации и начините за справување со истите. Покрај ова, соговорниците изразија задоволство од фактот дека НАТО дава поддршка на своите земји-членки во логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, која е неопходна кај земјите членки, медицински персонал, како и употреба на иновативни технологии за креирање на медицинска опрема.

Во таа насока претседателот информираше дека повеќе земји-членки на НАТО веќе дадоа помош на Македонија, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобална криза како пандемијата на COVID-19. Македонија е исто така дел од здружениот информативен систем на НАТО, преку, Центарот за управување со кризи, кој е дел од програмата на НАТО наречена „Next generation incident system" која служи за подобра размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјава.

На крајот, соговорниците договорија засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата со COVID-19 и организираните кампањи за ширење лажни вести. Заеднички беше констатирана потребата од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија. /МИА

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер