Пендаровски: Прославуваме големи јубилеи, 100 години од раѓањето на Шопов .... - Канал 5

Пендаровски: Прославуваме големи јубилеи, 100 години од раѓањето на Шопов ....

Прославуваме два големи јубилеи, 100 години од раѓањето на Шопов и 30 години членство во УНЕСКО.

Пендаровски: Прославуваме големи јубилеи, 100 години од раѓањето на Шопов ....

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска се одржува целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов.

Настанот е дел од Националната програма „2023 - Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

- Прославуваме два големи јубилеи. Сто години од раѓањето на знаменитиот македонски поет Ацо Шопов и 30 години од македонското членство во УНЕСКО. Овие исклучително значајни пунктови во нашиот социо - културен развој нѐ потсетуваат дека задачата на уметникот отсекогаш била да поставува критички прашања во светот и за светот и времето во кое живее. Книжевниот корпус на нашиот великан Ацо Шопов е парадигма за тоа дека поезијата и севкупната уметност не припаѓа само на естетското, туку е длабоко вкоренета во етичкото и хуманото, истакна во обраќањето Пендаровски.

Тој се осврна и на денешното време и на вештачката интелигенција што може да создаде текстови што имитираат големи книжевници.

- Дали ова време што го живееме и чии граници човештвото ги раширува фантастично смело и фантастично брзо, не е и време што ја убива поезијата? Ова е време на научни достигнувања, што ја оставаат зад себе и најсмелата и најбогатата фантазија. Време на технички чуда и роботи што можат за неколку мига да напишат песна што ќе ги задоволи сите естетски барања. Дали нашето време е мртво за поезија или пак таа е мртва за него? Со овие зборови, Ацо Шопов ги отвори првите струшки вечери на поезијата во далечната 1962 година. Далечна, а сепак блиска, затоа што додека зборуваме, алгоритмите на вештачката интелигенција веќе генерираат текстови што ги имитираат големите книжевници. Шумот на социјалните мрежи и медиуми ја нарушува тишината неопходна за уметничко промислување и согледување на светот, рече Пендаровски.

Во рамките на програмата, со што се прославува и Светскиот ден на поезијата - 21 март, ќе биде соопштен лауреатот на „Златниот венец“ на годинашното, 62. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, што се доделува во соработка со УНЕСКО.

Република Македонија е членка на УНЕСКО од 1993 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ

Европската комисија има намера да предложи нов заем од 45 милијарди евра за помош на Украина, кој би бил покриен со гаранции од заедничкиот буџет на Европската унија. 

Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ

Овој предлог доаѓа во момент кога Киев се подготвува за својата најтешка зима од почетокот на руската инвазија, пренесува „Фајненшел тајмс“.

Се проценува дека буџетот на Украина следната година ќе се соочи со дефицит од 70 милијарди евра. Европската комисија вети дека ќе покрие две третини од овој износ и ги повика другите западни сојузници, исто така, да ја засилат својата поддршка.

Според четворица соговорници запознаени со планот, Комисијата во среда ќе им претстави на земјите-членки предлог за задолжување гарантирано од буџетот на ЕУ. Моделот на финансирање би бил ист како оној што се користеше за постојниот заем од 90 милијарди евра за Киев.

Тие средства беа наменети за покривање на потребите на Украина во текот на оваа и следната година, но ескалацијата на уништувањето предизвикано од војната создаде дополнителен финансиски јаз.

Во случајот со претходниот заем од 90 милијарди евра, на три земји – Чешка, Словачка и Унгарија – им беше одобрено ослободување од плаќање на трошоците за камата.

За нов заем од 45 милијарди евра потребна е согласност од сите 27 земји-членки.

Сепак, истите три земји – на кои сега им се придружи и Бугарија – веќе најавија дека немаат намера да учествуваат во идното финансирање на Украина.

Овој став го наведе германскиот политичар Фридрих Мерц минатата недела да се закани со блокирање на договорот за буџетот на Унијата за периодот 2028–2034 година. Тој својата согласност ја услови со учество на сите земји-членки во финансирањето на Украина, како во текот на следната година, така и во иднина.

Германија е најголемиот придонесувач во буџетот на ЕУ и најголемиот европски билатерален донатор за Киев. Од друга страна, четирите земји што се противат на учеството во финансирањето се, всушност, земји кои добиваат повеќе средства од буџетот на Унијата отколку што уплаќаат во него.

Според тројца поединци запознаени со преговорите, по заканата на Мерц, одлуките во врска со помошта за Украина и заедничкиот буџет на Унијата станаа цврсто поврзани. Лидерите на ЕУ треба да разговараат за двете прашања на состанок во Брисел на 26 и 27 ноември, со цел да се постигне договор до крајот на годината.

Поврзувањето на овие теми се гледа како начин да се обезбеди идно финансирање за Украина и да се заштити процесот од потенцијални вета.

Следствено, земјите што зависат од средства од буџетот на ЕУ ќе бидат принудени да избираат меѓу поддршка за Киев и ризик од губење на европската финансиска помош.

„Ова ги зголемува влоговите, но исто така значи дека нема шанси овие прашања да се решаваат одделно. Сè е дел од еден голем пакет“, изјави еден од изворите запознаени со ситуацијата.

Портпарол на Европската комисија одби да ја коментира оваа информација. Брисел и Берлин стравуваат дека обезбедувањето средства за Украина ќе стане сè потешко, со оглед на претстојните избори во Шпанија, Франција, Италија и Полска. Марин Ле Пен, лидерката на француската десница – која според анкетите води пред претседателските избори во април – веќе најави дека ќе ја прекине поддршката за Украина доколку стане претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември

Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. 

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември

Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.

Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер