Пендаровски: Правото да се идентификуваме како Македоци било и ќе биде надвор од сите дебати - Канал 5

Пендаровски: Правото да се идентификуваме како Македоци било и ќе биде надвор од сите дебати

Ниту еден од денешната генерација политичари нема право да се договара или преговара за јазикот и идентитетот.

Пендаровски: Правото да се идентификуваме како Македоци било и ќе биде надвор од сите дебати

Ако цената за влезот во ЕУ е откажување од индетитетот и јазикот тоа е неприфатлив услов за секој Македонец .Членството во ниту една меѓународна организација не е вредно ако од нас бараат да се обезличиме порача претседателот Пендаровски во годишното обракање.

Во однос на спорот со Бугарија тој повтори дека постои апсолутна подготвеност да се соочат агрумените за одредени историски контроверзи поврзани со различните толкувања на еден ист настан или личност, меѓутоа, правото дна нашетот самоиденификуваењ било и ке биде надвор од кавва било дебата.

Во тој контекст тој прати порака и до опозицијата дека ниту лидерски средби во во услови на фукциноанли институции ниту пак собраниска декларација како потврда на нашиот идентет би било несериозно.

И покрај бугарското вето без никакви дилеми Македонија ќе продолжи кон Европската унија, изјави Пендаровски повторувајки го ставот дека Македонија нема да прифати никаква резервна варијанта.

Шефот на државата оцени дека во Законот за Попис треба да се вградат стандардите на Еуростат и предлози на опозицијата за да добиеме валидни резултати чија кредибилност нема никој да ја оспорува.

Пендаровски подвлече дека државата со консензус треба да усвои национална страегија за да го сопре иселувањето. Дали конечно ќе ја поставиме правната држава, на здрави темели не е прашање на техничка реформа, туку егзистенцијално прашање за опстанокот на државата а истакна Пендаровски.

Пендаровски обракањето го почна со едноминутен молк за жртвите од ковид и апелерираше претсојните празници граганите да останат дома, најави дека ќе иницира јавна дебата во придонес на изработка на закони за воена и вонредна состојба како и реформа на кризниот менаџмент,додавајки дека освен справувањето со здравствената криза не помал предизвик е вракање на довербата во институции и науката.

Говорот на Пендаровски не го проследија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие го дочекаа со транспаренти по што ја напуптија собраниската седница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на новиот СПА центар

Интензивно се одвиваат градежните активности на новиот СПА центар, кој се реализира како доградба на постојниот спортско-рекреативен објект – затворениот базен, на површина од 240 м².

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на новиот СПА центар

🧖‍♀️ Новиот простор ќе понуди современи содржини за одмор, релаксација и рекреација, меѓу кои:

• парна бања и сауна

• џакузи

• топли лежалки/клупи

• тушеви и соблекувални

• простории за масажа

• придружни санитарни и технички простории

Со изградбата на СПА центарот, затворениот базен добива дополнителна содржина и покомплетна понуда за граѓаните.

Изведувач на градежните работи е „Жикол“.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.

Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН

„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации.

Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка.

Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси.“- објави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Божиновска бара извинување за 24 часа. СДСМ да ги повлече „лагите“. Фактите не се лаги. Тие се регистар.

СДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Од 2011 до 2014 била извршен директор на Руднап Група за Централна и Источна Европа. Одговорна за активности во Северна Македонија, Србија, Бугарија и регионот.

Од 23 март 2012 до 11 март 2014 - управител на Руднап Бугарија ЕООД. Во 2012 таа фирма направила промет од над 130 милиони бугарски лева.

Името ѝ стои и во документацијата на загребската фирма на Руднап, промена регистрирана на 6 декември 2013, идентификувана со бугарски пасош.

Не била само вработена. Била запишана управител на компанија на Лазаревиќ во Бугарија и во списите во Хрватска.

Пред тоа, 2006–2011, работела во ЕЗПАДА, меѓународна трговија со струја. ЕЗПАДА се вкрстувала со мрежата на Руднап на Војин Лазаревиќ. Во 2011 нејзиното име влегува во собраниска расправа за увоз на струја.

РСЕ ги пренесува стенограмите: блискост на тогашните Руднап и ЕЗПАДА со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек. Истата гранка. Тогаш имаше шеф. Денеска е министерка.

На 11 август 2026 ЕВН склучува околу 13,2 милиони евра со METER&CONTROL од Србија за броила.

СДСМ ја врзува фирмата со групацијата на Лазаревиќ.

Граѓанинот ќе ги плати на сметка. Таа вели нема врска со постапката. Врската е целата кариера.

Мостот меѓу Лазаревиќ и Мицкоски е Душан Адамовиќ. Човек со криминално минато. Навивач од хулиганските кругови околу Вучиќ. Висок кадар на СНС. Бизнис-партнер на арамијата. Почесен конзул на Македонија во Србија - човек што нашата земја ја нарекува окупирана српска територија, окупирана од Македонци.

Тој е врската. Преку него оди увозот на струја. Преку него се врзуваат Лазаревиќ, Мицкоски и министерството.

Божиновска е ставена да го води ресорот енергетика како човек од доверба на Лазаревиќ.

Затоа има ново министерство. Затоа има увоз. Затоа има броила. Затоа има барање за извинување наместо хартија.

Божиновска не е само човек од доверба. Дваесет години е во бизнис-релација со Војин Лазаревиќ - од ЕЗПАДА, преку Руднап во Софија, Загреб и Скопје, до министерското столче и договорот за броила. Иста гранка. Исти луѓе. Иста каса.

Адамовиќ го држи мостот. Мицкоски ја држи власта. Народот ја плаќа сметката.

Наместо извинување, го молиме Обвинителството, ако може да реагира без повик од Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер