Пендаровски од Струга: На 21 април да дадеме силна поддршка за концептот што обезбедува едно општество за сите

Да се сплотиме околу концептот што води напред и обезбедува иднина во едно општество за сите, во држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача денеска на граѓанска трибина во Струга, заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски.

- Вашата општината е држава во мало, има долга традиција на живење на различни вери, етнички заедници, но соживотот бил секогаш по мерка и за мерка. И во најтешките времиња вие сте знаеле да живеете заедно и да не ги делите луѓето. Два дена пред пред гласањето, ви велам дека јас токму така ја замислувам нашата земја. Како едно општество за сите, држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача Пендаровски.

Пред присутните, Пендаровски порача дека на 21 април и 5 мај, граѓаните гласаат за потврда на реформите, развојот, на напредокот во евроинтеграциите што обезбедува повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисок животен стандард за сите граѓани.

Македонија сега е безбедна и стабилна држава, а вратите кон ЕУ и НАТО се отворени. Другата опција, порача Пендаровски, не нуди ништо, и единствено што сака е само да дојде на власт, за повторно да ја врати државата во темното минато на изолација и поделби.

Заедничкиот кандидат Пендаровски повика на масовна излезност на 21 април и слина поддршка за концептот што води напред.

- Масовно да гласаме за број три, да продолжиме сите заедно напред за мултиетничка, демократска и богата држава“, повика Пендаровски.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер