Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва - Канал 5

Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва

 Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи.

Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва

Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва ова во интевју за Фокус го кажа претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој деновиве оцени дека расположението на македонскиот народ е спротивно од евроатланскиот курс на политичката елита, рече дека се работи за провокативни изјави кои, според него, се дел од политичка пропаганда.

– Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Рече дека не може јавно да обелодени од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание, оцени пендаровски.Тој открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“. Притоа, Пендаровски не открива за кои субјекти се работи, но посочува дека тоа се „неколку субјекти во директна корелација со Москва неколку години наназад“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио

Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио, 5 милиони за антимон а Гета чинеше повеќе.

СДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио

Премиерот од Америка со порака за најголем „успех“ од посетата: грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка. И со разговор во ходник со државниот секретар Марко Рубио, кој дома го продава како средба на ултра високо политичко ниво.

Страшно е човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба.

Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови.

Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар.

Ама после изјавата дека тој е институција, што би имал почит кон други институции. Арамија е тоа.

Обезбедување што го следи (затоа што е сепак загрозена личност, се виде по Фејсбук) во маици со кратки ракави и дречливи бои.

Часовници од шеесет илјади евра. Неиспеглан костим и кошула од десет илјади евра – да ја импресионира американска бирократија.

Еве како нè претставува самопрогласената елита.

Како во кафеана. Додека сопствениот народ го нарекува талог, елитата баш се покажа. На ниво.

Поведе околу педесет луѓе на народен грб. Резултатот е пет милиони долари за рудник.

Знаете ли колку е тоа малку?

За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ - не стигнува ни десет пати повеќе.

Антимонот не е леб и не е плата. Тоа е метал за воена индустрија. Се копа, се дроби, се топи.

Од јаловината влегува во почва, во бунар, во растение.

СЗО има строг лимит во вода за пиење. Европа такви ископи ги запира затоа што отровот останува, профитот заминува.

Пет милиони на туѓа компанија за природен ресурс значи три работи: државата сама не работи; нема буџет за луѓето и за реките околу Крива Паланка; се дава нанадвор поради провизија.

За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни од Лотарија, пари што требаше да завршат во буџет за граѓаните на Македонија.

Се враќа од Америка со пет милиони долари.

Концертот поскап од „стратешката инвестиција“.

Делегацијата поскапа од почетокот на дупката.

Ова не е дипломатија, ова е екскурзија.

Ходникот не е кабинет. Грантот не е рудник.

Нема агенда. Нема заедничко соопштение од Стејт Департментот. Нема потпис.

Има ходник и Фејсбук-статус на арамијата Мицкоски - институција, елита.

Тоа не е политика туку режија.

Македонија не се мери со ходник. Се мери со тоа што останува во земјата откако ќе си заминат.

Останува јаловина. И сметка.

Ходникот не е Белата куќа. Фејсбук-статусот не е договор. Македонија не станува посериозна затоа што премиерот здогледал државен секретар. Станува посериозна кога ќе престане да лаже арамијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

 Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата.

Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал.

Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб.

Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо.

Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него.

Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез.

Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико.

На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал.

YouTube video

Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер