Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
МакедонијаПендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба, партиите да се договорат за датум за инклузивни избориПретседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба. Нејзиното прогласување или не, порача тој, не е поврзно со одржувањето на изборите. Пендаровски апелира до лидерите на политичките партии да се договорат за датумот за изборите, зошто со организирање изборен процес кој не би бил инклузивен, земјата може да влезе во длабока политичка криза. -Последните денови во јавноста се наметна дилемата дали е можно воведување вонредна состојба само на барање на Владата или и претседателот може самиот без предлог од Владата да прогласи вонредна состјба. Во тој дел Уставот е јасен. Претседателот на државата може и без барање од Владата да прогласи вонредна состојба. Меѓутоа тоа никогаш не го направив затоа што бев и се уште сум убеден дека во ниеден политички контекст една институција, која и да е, не смее да ги изолира останатите институции при носењето сериозни одлуки. Затоа имајќи ги предвид причините поради кои ги прогласував досегашните вонредни состојби сметам дека во вој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, рече претседателот Пендаровски во денешното обраќање до јавноста. Тој истакна дека според инфомраиците од Владата, во изминатиот период се обезбедени доволни количини медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на националната економија. Во прилог на тоа, рече, говори и тоа што Владата овојпат не достави барање за воведување нова вонредна состојба. -Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните војнредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини. За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или на целата територија постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуват тие мерки, истакна шефот на државата. Друга заблуда, според него е поврзаноста на вонредната состојба со датумот на изборите, бидејќи како што појасни тие може да се одржат и во вонредна состојба со мала измена на уредбата, во која наместо изборните роковите да течат по завршување на вонредна состојба да стои дека течат и за време на вонредна состојба. -Знам дека нјаголемиот број наши грашѓани не размислуваат за избори во време кога имаме пораст на заболени, но избори и во време на корона, која нема да замине наскоро, се неоопходни за да добиеме функционален наместо распуштен парламент и легална и легитимна наместо техничка влада, потенцира Пендаровски. На таа тема имал и комуниакција со лидиерите на политичките партии и комуникација со стератешките партнери од меѓународната заедница. – Власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР, дека ДИК во осработка со Комисијата за заразни болести треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање на граѓаните и безбеден престој во просториите за гласање на членовите на избирачките органи, и домашните и меѓународните набљудувачи. За жал, власта и опозицијата битно не ги приближија своите ставови за датумот на изборите, истакна Пендаровски. При организирање процес кој не би бил инклузивен, рече, постои потенцијална опасност и можен неповолен развој на настаните. -Знаеме дека нашето општество е со години поларизирано по различни основи. Говорот на омраза ги продлабочува разликите по политичка етничка, верска и партиска линија. Од март оваа година се наоѓаме во комплексна здравствена криза заради пандемијата. Поради тоа што Собранието е распуштено, а имаме недоволно разработена правна регулатива за вонредни ситуации имаме иницијални елементи на уставно-правна криза. Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза. Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за дестабилизаијца преку хибридни закани и лажни вести, не можеме да исклучиме дека евентуланата правна и политичка криза нема да прерасне во безбедносна, рече претседателот. Затоа тој упати јавен повик до претседателите на најголемата партија на власта Зоран Заев и најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски да седнат заедно уште денеска за да се најде излез од оваа ситуација со ставање на државните над личните и партиските интереси. -Во спротивно само ќе ја отвориме вратата за уште поголема внатрешна криза при што нема да ја доведеме во прашање само нашата европска перспектива, туку, многу поважно, ќе ги поткопаме нашите напори да излеземе на крај со пандемијата за што ни е потребен јасен државен консензус и стабилни институции, посочи претседателот Пендаровски. Кризите од вакви размери во светот често, посочува, резултираат со обединување на луѓето околу заедничките цели и вредности. -Нема ниту една единствена причина кај нас оваа криза да биде извор на нови поделби кои низ нашата историја сме ги имале премногу, истакна претседателот. Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни. Третата, истотака, четиринаесетдневна вонредна состојба ја прогласи претседателот Пендаровски на 15 мај. Претходните две беа триесетдневни, а првата беше прогласена на 18 март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook